Categories: Македонија

Пендаровски денеска ќе го потпише указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор

Едногласно со 114 гласови „за”  собранието вчера на свечена седница го усвои Законот што ќе се применува по ратификацијата на Протоколот за НАТО од Шпанија, по што се очекува земјата да стане 30-та членка на Северноатланската алијанса. По седницата знамето на Северноатланската алијанса беше ставено на јарболот до македонското знаме пред зградата на Собранието.

Амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Бејли Хачинсон потврди дека сите очекуваат знамето да започне да се вее пред седиштето на Алијансата во Брисел мошне скоро, најрано на пролет.

Хачинсон денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата. На брифингот за новинарите таа укажа дека на состанокот ќе се разговара за тековните приоритети и насоките дадени „на НАТО самитот лани во декември”.

Еден од приоритетите годинава е проширувањето на Алијанста со уште една земја, Македонија, откако поминаа ратификациите во парламентите на сите земји членки.

На вчерашната свечена собраниска седница зборуваа претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски, претседателот на Собранието Талат Џафери, координатори на пратенички групи, пратеници меѓу кои и лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Зборуваше и претставник на НАТО.

Пристапувањето кон Северноатлантскиот сојуз не е едноставно стапување во членство во меѓународна организација. НАТО е сојуз на држави кој се заснова врз меѓусебна политичка и одбранбена солидарност и врз заеднички вредности. Членството во најмоќниот воен сојуз во светот е привилегија, но и огромна одговорност, истакна претседателот Пендаровски.

Премиерот Оливер Спасовски на свечената седница по повод ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО истакна дека по 27 години од првата одлука за членство во НАТО донесена во Собранието, на овој пратенички состав му припадна честа во име на сите нивни претходници во пратеничките клупи и на сите граѓани да го ратификува овој документ, кој е влог во безбедносната иднина на нашата земја.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во својот говор потенцираше дека нашиот пат кон НАТО, гледан низ призмата на изминатите три децении, не беше ниту малку лесен и беше испреплетен со многу турбулентни моменти. Го честита скорото зачленување во НАТО, потенцирајќи на заложбите што низ годините ги дале владите, парламентите, но и граѓаните со својата континуирана поддршка за членството во НАТО.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески изрази благодарност до сите кои дале свој придонес во остварувањето на нашата цел членството во НАТО.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш била за влез на Република Македонија во НАТО. Потсети дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше иницијатор на предвремена ратификација на протоколот за членство во НАТО на Македонија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago