Categories: Струмица

Координативно тело за имплементација на проектот „Планирање на одржлива мобилност во општина Струмица“

Планирањето на мобилноста на локално ниво е замислено како алатка со која локалните самоуправи ќе го подигнат нивото на планирање во областа на урбанизмот и сообраќајот од една страна, а од друга ќе им помогнат на граѓаните да се издигнат на ниво на повисок ранг според мерките за одржлива економија и напредна технологија, пристапност и развиен урбан идентитет.

 Ваквото планирање е наметнато поради големата урбанизација која како процес уште во првата деценија од 21 век го помина прагот од 50% население кое живее во градовите и има тренд на понатамошен раст, па се верува дека до 2050 година во градовите ќе живее 70% од населението.

Поради современиот начин на живот, многу градови се соочуваат со штетното влијание на сообраќајните процеси пресликано низ автоцентричноста, сообраќајниот метеж, низ недостаток на места за паркирање и зелени површини, што, пак, сè заедно влијае на економските, еколошки и здравствени аспекти на општеството (животната средина, здравјето и безбедноста на граѓаните).

Во Македонија, општините се погодени од депопулација и демографско стареење, регионални диспаритети, проблеми со урбаната култура, проблеми со културата на безбедноста во сообраќајот, проблеми во врска со заштитата на животната средина, вклучително и климатските промени. Исто така, на национално ниво е препознаена проблематиката на бесправна изградба и слаба техничка и социјална инфраструктура. Со цел да се намалат тие разлики и да се подобри состојбата на терен, потребни се заеднички напори на јавните чинители на сите нивоа на локалната власт, како и учество и на приватниот и на невладиниот сектор.

Во општинското Координативно тело за имплементација на проектот, формирано по иницијатива на ЗЕЛС и ГИЗ, се вклучени јавни чинители на сите нивоа на локалната власт, како и претставници од приватниот и невладиниот сектор. Првата работна средба беше одржана минатата недела, а на истата беа претставени членовите на телото и презентиран проектот „Планирање на одржлива мобилност во општина Струмица“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago