Connect with us

Конче

Во петок ќе се одржи традиционалната Ловечка вечер, во организација на ЛРД Студенец од Конче

Avatar

Published

на

Ловно Риболовното друштво Студенец од Конче по  12 пат ќе ја организира традиционалната ловечка вечер,  со  што го означува крајот на уште една успешна  ловна сезона. Претседателот на Студенец Златко Ристов вели дека  интерсот за ловечката вечер која ќе се одржи во петок е голем, а специјален гостин на вечерта ќе биде  Наум Петрески.

 Членовите на ловното друштво Студенец од Конче, кое постои повеќе од две децении, беа вклучени и во програмата за отстрел на дива свиња како заштитна мерка  од Афрканска свинска чума, со цел да се спречи проширување на болеста.

Ловцните од студенец  во текот на ловната сеозона  претежно ловат  на територијата на  Општина Конче, на Кончека планина и на планината Серта се до  граничната линија со општина Штип и Општина Радовиш. 

Конче

Градоначалникот на Општина Конче со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти.

„Почитувани граѓани на Општина Конче , би сакал да упатам апел до сите граѓани кој што обработуват земјоделски површини и сите оние граѓани кои од други причини имаат потреба да се движат по шумските делови и земјоделските површини , да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти . Како резултат на таквата негрижа во вчерашниот ден беше предизвикан шумски пожар од кој беше предизвикана огромна материјална штета на дабова шума во м.в ,,Брестиви дол” , атар на село Габревци!!!“ стои во апелот од градоначалникот Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Поставување на нова урбана опрема во населените места во Општина Конче

Avatar

Published

на

Општина Конче деновива започна со поставување на нова урбана опрема во населените места во општината. Според градоначалникот Златко Ристов ќе биде поставена урбана опрема во централните подрачја на сите населени места со цел да се подобрат условите на граѓаните.

Прочитај повеќе

Конче

Голем број на посетители на Изложбата на aвторката Лејла Куртов “Рурална жена низ објективот” во Општина Конче

Avatar

Published

на

Вчера во Домот на Култура во Општина Конче се одржа првата самостојна изложба на дигитална фотографија со која авторката Лејла Куртов полека но сигурно ги крши стереотипите на нашето општество за тоа што претставува руралната жена.

На изложбата на авторката Лејла “Рурална жена низ објективот” која се одржа во домот на културата во Општина Конче, присутни беа голем број посетители.

Настанот беше збогатен со настап на КУД Конче, како и вкусните специјалитети со кои Општина Конче се гордее.

Покрај фотографиите , посетителите имаа прилика да видат и краток Документарен филм на кој се прикажани културните богатства на оваа Општина, но и животните приказни на овие моќни жени .

Овој настан беше предводен од Модераторот Златко Јанкулов и презентерката на “Животните приказни на руралните жени” Катерина Василева .

Авторката вели дека ова е само еден убав почеток , а инспирацијата за нови настани и изложби ја црпи од преголемото културно богатство кое го поседува Општина Конче.

Прочитај повеќе