Categories: Гевгелија

Jавна презентација на проектот за зонско паркирање во Гевгелија

 Со воведувањето на зонското паркирање целта на општината не е да се остварува профит,туку да се стави ред во сообраќајот, посебно, во паркирањето во центарот на градот, истакна градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков на синоќешната Jавна презентација на проектот за зонско паркирање. Притоа, објасни дека со презентацијата на проектот отпочнува постапката за воведување на зонското паркирање за што Советот на општина Гевгелија треба да донесе одлука, по што ќе биде одреден оператор и распишан Tендер за набавка на софтверска опрема.

            – Сегашната состојба со паркирањeто во центарот на градот предизвикува застој и хаос во сообраќајот, го оневозможува протекот на возила чии сопственици сакаат во центарот на градот да завршат одредена работа во институциите кои тука се лоцирани. Истовремено, го отежнуваат и пристапот на туристи кои секојдневно престојуваат во нашиот град. Оттука произлегува и потребата за изработка на Проектот за сообраќаен режим во градот, а во чии рамки е предвидено и зонско паркирање, рече Поцков.      

       Со Проектот се предвидени 1007 паркиралишта во центарот на градот и на главните сообраќајници. Од нив 609 се паралелни, 7 за косо паркирање, а 341 за паркирање под агол од 90 степени. Исто така, се предвидени 23 паркиралишта за такси возила, 20 за лица со инвалидитет и 4 за возила со електрично полнење. Сите паркиралишта се значително поголеми од постојните и согласно новите законски одредби. Зонското паркирање е поделено по зони, појасни проектантот Миле Стојменов, нагласувајќи дека Гевгелија е еден од последните градови во земјата каде што не е воведено зонско паркирање.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago