Нови 2825 заболени од грип се
регистрирани во изминатите седум дена, што е зголемување за над 75 отсто во однос на претходната седмица и за речиси
двапати повеќе споредено со истиот период минатата година, информираат од Институтот за јавно здравје.
Вкупниот број на заболени од грип се искачи на
7.150, што е исто така за околу 70 отсто повеќе
од истиот период лани. Најмногу заболени
околу 1300 има во Струмица и во Скопје околу 1200, во Гостивар се заболени над 800. Смртен случај досега нема, но има тешко болни.
Најзафатена возрасна група се
децата од 0 до 4 години, иако бројот е најголем кај повозрасните. Трендот на заболување продолжува најмногу кај лица на возраст од 34
до 65 години.
Во однос на лабораториската
дијагностика во текот на минатата недела, од
80 пристигнати материјали од болниците и здравствените установи кои испраќаат
материјал во Институтот, дури 61,3 проценти биле позитивни.
Зголемувањето на бројот на болни споредено со истиот период минатата година се должи на тоа што оваа сезона почнала две недели порано велат од Институтот за јавно здравје.
Лекарите со препораки, посебно до хронично болните пацинети, да се придржуваат до веќе стандардните препораки за заштита од настинки и грип и редовно да ја примаат препишаната терапија.