Успешно реализирано предавање на тема „Самоконтрола“ во организација на Здружение на дијабетичари од Радовиш
Здружението на дијабетичари на Радовиш, Подареш и Конче и Сојузот на Здруженија на дијабетичари вво Македонија, во соработка со Баланс МК Асоцијација за детски дијабет организира едукативно предавање на тема:Едукација за самоконтрола-основа за добра контрола и превенција кај Дијабетесот. Предавањето беше успешно реалзирано синоќа во просториите на градската библиотека Брака Миладиновци и на истото имаше повеќе заинтересирани граѓани.
Едукатор на истото беше Д-р
Марија Живковиќ, Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и болести
на
метаболизмот-Скопје
Клучен факт во превенирањето на состојбата
дијабетес тип 1, како и евентуалните последици што таа може да ги предизвикува,
е процесот на континуирано информирање и едукација примарно на лицата со
дијабетес или на нивните родители (кога станува збор за деца со дијабетес тип
1) за сите сегменти што го сочинуваат дијабетесот како состојба, почнувајќи од
исхраната, инсулинската или таблетарна терапија, мерење гликемија, начинот на живеење
и слично. Ова пак само по себе укажува на потребата од фундаменално
прилагодување кон таквата состојба (дијабетесот) што пак единствено е можно
преку воспоставување на принципот на “самоконтрола“ рече
меѓудругото Д-р Марија Живковиќ .
Предавањето беше корисно и за Дијабетичари тип 1
и тип 2 или за сите Дијабетичари комплетно.