Трипуновски: Државата дозволи увоз на тутун додека домашниот стои неоткупен. МЗШВ со демат: Лага и невистина е изјавата на Трипуновски

 -Државата дозволи увоз на тутун додека домашниот стои неоткупен рече во на вчерашната прес конференција дополнителниот заменик министер за земјоделие Цветан Трипуновски. Зоран Заев и Трајан Димковски ги лажат тутунарите. Додека тутунарите од прилепско молат за повисоки откупни цени, тие дозволија увоз на тутун од странство кој се плаќа и над 300 денари.

Во период од 8 јануари до денес, Заев и Димковски дозволија увоз на околу 1 милион килограми тутун, во вкупна вредност од неколку милиони евра, рече Трипуновски.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро ја демантира изјавата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, за наводниот увоз на тутун.

-Лага и невистина е изјавата на Трипуновски дека „…во периодот од 8-ми јануари до денеска е увезено 1 милион килограми тутун….се увезува е од ист тип на тутун кој што се произведува во Македонија, а се плаќа поскапо од домашниот“. 

Официјалните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) покажуваат дека не постои увоз на тутун кој се откупува од нашите откупни претпријатија и нема увоз на сортите на тутун „Прилеп“ и „Јака“.  Од  2019 година, па до 03.02. 2020 година  според податоци од  ,,EXIM“ системот на ДИЗ,  од страна на мултинационалната компанија со седиште во Кавадарци, од Бугарија е увезен суров необработен тутун  од  тип  ,,Катерини“ во износ 469.033 килограми и суров  необработен тутун  од тип  ,,Крумвоград“ во износ од 501.506 килограми.  Овие  количина  тутун, се преработени во капацитетите на оваа компанија во Кавадарци и се извезени на интернационални светски компании кои што произведуваат цигари. Со ова се ангажирани капацитетите на оваа компанија кај нас и со додадена вредност се извезени.  Значи, не станува збор за никаков увоз, туку за увоз за доработка и повторен извоз, со што е остварена разлика на девизен прилив во државата.

Податоците од оваа државна институција се релевантни и официјални, а податоците на Трипунповски се лажни и паушални, стои во демантот од ресорното министерство.   

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago