Categories: Радовиш

Сите објекти на детската градинка во Радовиш, подновени со нов мебел, набавено е и ново возило за потребите на градинката

 Набавен е нов мебел во сите објекти на  ДГ „Ацо Караманов“  во Радовиш. Како резултат на домаќинско работење,  како што рече директорката Љупка Тренчева, градинката успеала од сопствениот буџет да издвои 2 800 000,00 илјади денари, со кои средства освен мебел набавен е и нов автомобил за потребите на градинката.

Со новиот мебел  кој што е доста практичен на дечињат им е олеснато сметсувањето на своето ранче, обувки и палтенце. Тие полесно се снаоѓаат и не им се мешат меѓусебно.Новото возило ќе се користи за потребите на градинката, за набавка на храна и за потребите на народната кујна.

Инаку околу здравствената сосотојба на дечињата во оваа сезона на грип и настинки, директорката Тренчева рече дека речиси сите дечиња се вратени во градинка во споредба со месец Јануари кога имаше поголема отсутност.

 Во ДГ Ацо Караманов во Радовиш  престојуваат 630 дечиња на возраст од една до шест години,  а околу 80 дечиња  до три годишна возраст се на  листа на чекање,  поради ставање на вакцина. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago