Categories: Гевгелија

Дом на култура „Македонија“-Гевгелија, се сели во Народниот театар

На последната Седница, Советот на Општина Гевгелија донесе Одлуказа давање на времено користење на Народниот театар во сопственост на Општина Гевгелија на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Домот на култура „Македонија“ е институција од областа на културата која првично беше сместена во просториите на некогашното Кино „Култура“. Поради враќањето на законските наследници на поранешните сопственици со денационализацијата, Домот беше иселен и преместен во просториите на ЈОУ Пионерски дом со Одлука за давање на користење на дел од објектот Пионерски дом на Дом на култура од страна на Советот на Општина Гевгелија во 2014 година.

              – Идејата е Народниот театар од Гевгелија да стане една сериозна институција во која ќе се одвива уште побогат културно-уметнички живот во општината. Во него и до сега се одржуваа театарски, кино-претстави и други културни активности, а своите проби во неговите простории ги одржуваа голем број Културно-уметнички друштва и Здруженија на граѓани од областа на културата. Со ставањето „под капа“ на Домот на културата „Македонија“, се отвораат можности за зголемување на приходите од самофинансирањето на Домот на културата, како и поголема креативност во организирањето на културните активности во Народниот театар, изјави градоначалникот Сашо Поцков.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago