Categories: Струмица

Откриен нелегален превоз на осум лица мигранти на магистралниот пат Струмица-Радовиш

Вчера во 22.45 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на бензинска пумпа кај с.Владевци, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Ш.С.(30) од с.Слатино, тетовско, но возилото не застанало, по што удрило во бетонски ѕид на бензинската пумпа.

После тоа, возачот и совозачот го напуштиле местото на настанот, а полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и СВР Струмица во возилото пронашле осум лица мигранти (еден од Сирија, тројца од Авганистан и четворица од Иран). За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Мигрантите се сместени во Прифатен центар за странци „Гази Баба“ и Привремен транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago