Донесени повеќе одлуки, програми и планови во интерес на граѓанитена седница на Совет на Општина Струмица
На одржаната 32-ра седница на Советот на општина Струмица, беа донесени повеќе одлуки, програми и планови во интерес на граѓаните и функционирањето на Општината. Советниците ги усвоија предлог – Програмата за работа на Советот на општина Струмица за 2020 година, предлог – Планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во општина Струмица во учебната 2020 / 2021 година, предлог – Методологија за утврдување на критериумите за распределба на финансиски средства до спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот од општина Струмица како дотација за плаќање на термини за спортски сали, Предлог – Одлука за измена на Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2020 година и предлог – Одлуката за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Струмица од сите ризици и опасности. На одржаната седница беа усвоени и информацијата за состојбата на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Струмица за периодот 01.07 -31.12. 2019 година, извештајот за извршените работни задачи на ТППЕ Струмица за 2019 година, годишниот извештај на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2019 година и програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2020 година.
На дневен ред беа и статутите на основните општински училишта, а зелено светло добија и повеќе предлог – одлуки од областа на урбанизмот и од работењето на општинските јавни претпријатија. Донесена е и одлуката за доделување еднократна парична помош за новороденче на подрачјето на општина Струмица во 2020 година, а беа донесени и одлуки за доделување на парична помош на Виктор Папучаров од Струмица и Живанка Тенкова од Костурино.