Connect with us

Спорт

Светската спортска јавност погодена од веста за загубата на Коби Брајант

Виолета | Media Press

Published

on

Светската спортска јавност синоќа беше погодена од вестите за несреќата во Калифорнија во која животот го загуби Коби Брајант.

Легендата на ЛА Лејкерс почина кога хеликоптерот со кој патувал се срушил во Калабасас.

Американските медиуми денеска откриваат нови детали за несреќата во која животот го загуби Коби Брајнт, дека во хеликоптерот била и една од неговите ќерки, 13 годишната Џијана Марија . Извештаите велат дека Коби Брајант заедно со Џиана тргнале на натпревар, а со нив биле уште седум лица.

Местото на несреќата го истрачува и ФБИ помагајќи им на локалните власти во собирање на докази, пренесува Си-Ен-Ен.

Коби Бин Брајант е американски професионален кошаркар, кој играл во НБА за екипата на „Лос Анџелес Лејкерс“. Бил висок 198 см, тежок 95 кг и играл на позицијата бек. Тој е вториот играч во историјата на НБА со најмногу постигнати поени на еден натпревар (во 2006 година, во натпреварот против „Торонто репторс“ постигнал 81 поен).

прикажи повеќе
Advertisement

Спорт

Одбојкарскиот клуб Џио Струмица е домакин и организатор на турнирот во одбојка ,, Балкански КУП 2019,,

Виолета | Media Press

Published

on

Турнирот започнува од вчера и ќе трае до петок. На истиот покрај домакинот свое учество ќе земат  и екипи од Косово Турција .  на ОК „Prishtina Volley“ (Косово) и ОК „Tokat Belediye“ (Турција).

Струмичани по пауза од неколку години се враќаат во натпреварувањето кое е во организација на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА), на кое победникот обезбедува и директен пласман во ЦЕВ Челенџ купот.

За директниот пласман во второто коло од Купот на предизвикувачи, ќе се борат само овие три екипи, откако екипите ОК „Млади Радник“ од Србија и ОК „Борац“ од Босна и Херцеговина го откажаа своето учество.

Continue Reading

Радовиш

Радовиш беше домаќин на 24-те Републички пензионерски спортски натпревари

Виолета | Media Press

Published

on

Истите се одржаа по повод 20 септември Денот на пензионерите на Македонија. На игрите присуствуваа вкупно 846 пензионери, додека учество зедоа 504 натпреварувачи во 11 дисциплини од 47 здруженија на пензионерски членови на СЗП на Македонија. На Спортските натпревари беа присутни и Станка Трајкова, претседател на Сојузот на пензионери на Македонија, Земник министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов,  градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, извршниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов и други гости. На почетокот присутните пензионери ги поздрави претседателката на Сојузот на пензионери Станка Трајкова.

Земник министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар спомна дека Министерството во континуитет се залага за подобровање на стандардот на пензионерите.

 Добредојде на пензионерите има посака и градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, како и градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев. Двајцата градоначалници им посакаа успешни спортски натпревари.

 Републичките пензионерски спортски натпревари ги отвори претседателто на Здружението на пензионери од Радовиш и Конче,  Мите Стефанов.

Спортските натпревари се одржаа во 11 дисциплини, како трчање, теглење на јаже, кошарка, стрелање, фрлање гуле, шах, домино и други,   на кои учествувва околу 500 пензионери од 47 здруженија на пензионери, членки на Сојузот на пензионери на Македонија

Continue Reading

Радовиш

ЗИТ-Радовиш по трет пат го доби ПЕХАРОТ за нај успешна екипа

Давид | Media Press

Published

on

Здружението на инвалиди на трудот од Радовиш, учествуваше и постигна убедливо најдобри резултати на РЕПУБЛИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ одржани на 14.09.2019 год. во Струга.

Истите беа одржани  под покровителство на Националниот Сојуз на Инвалиди на Трудот (НСИТ) на Македонија. Учесниците во спортските игри се вратија со повеќе признанија за освоени први места во разни дисциплини.

 ЗИТ-Радовиш по трет пат го доби ПЕХАРОТ ЗА НАЈ УСПЕШНА ЕКИПА, информираат од здружението.

Continue Reading