Connect with us

Македонија

Превентивни мерки против корона вирусот и на аеродромот во Скопје

Виолета | Media Press

Published

on

Од денеска превентивни мерки против корона вирусот кој предизвика глобална загриженост, ќе се спроведуваат на Меѓународниот аеродром Скопје. Со термална камера ќе се скенираат патниците на летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус. На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед на сомнителните патници.

Надлежните тврдат дека простор за паника од корона вирусот во земјава не постои, но Комисијата за заразни болести, сепак,  заклучила по препораките од Светската здравствена организација за ширењето на вирусот, кој има епицентар во Вухан, да бидат преземат превентивни мерки.

Здравствените работници појаснуваат дека станува збор за вирус со слични симптоми на грипот, може да помине со лесна, средна, но и со тешка форма, каде може да настапи и смрт. Засега нема вакцина против корона вирусот и затоа се препорачуваат мерки на превенција за заштита.

Македонија

Одбележување на 16-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Александар | Media Press

Published

on

По повод одбележувањето на 16-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа крај Мостар, Босна и Херцеговина, делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска положија цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје, на вечните почивалишта на Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје, како и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Делегации на Кабинетот денеска положија цвеќе и на спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, како и на споменикот „Македонија“ во градскиот парк во Струмица.

Continue Reading

Македонија

Од недела потопло време со вистински пролетни темпаратури

Виолета | Media Press

Published

on

Времето во поголем дел од земјава денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура  се движеше од минус 4 до 4 степени, а дневната од 4 до 13 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во североисточните делови ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со умерен, а во сабота и засилен северен ветер. Од недела ќе има пораст на дневната температура.

Continue Reading

Македонија

На 27, 28 и 29 февруари и на 16 март годинава, Централен регистар ќе прима годишни сметки до 20 часот

Виолета | Media Press

Published

on

Централниот регистар информира дека на 27, 28 и 29 февруари и на 16 март годинава ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2019 година од 08:00 до 20:00 часот.

Во соопштението се наведува дека микро и мали субјекти,  што нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 16 март 2020 година.

Централниот регистар ги информира самостојните вршители на дејност дека билансот на приходи и расходи треба да се достави согласно со новиот Правилник за формата и содржината на деловните книги, начинот на нивното водење и искажувањето на финансискиот резултат на даночните обврзници што вршат самостојна дејнос.

 Исто така Централниот регистар објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои спроведува постапка за бришење поради тоа што: до 31.12.2019 година до Централниот регистар не поднеле годишна сметка за деловната 2018 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена, согласно  Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица.

Continue Reading