Connect with us

Струмица

Избран најдобриот спортист на Струмица за минатата година

Виолета | Media Press

Published

on

Во организација на Општинскиот сојуз за училишен спорт, а под покровителство на општина Струмица викендот се одржа традиционалната манифестација-Избор на спортист на општина Струмица за 2019 година.
Одбојкарот Ристо Николов од екипата на Џио Струмица и член на македонската одбојкарска репрезентација е избран за најдобар спортист на Струмица за минатата година.
За најдобар тренер е прогласен стратегот на фудбалерите на Академија Пандев, Југослав Тренчовски, а најдобра екипа е актуелниот одбојкарски шампион и освојувач на купот-екипата на Џио Струмица.

Прогласени беа и најдобри спортисти, тренери, спортски работници и екипи во различни спортови и категории.

Регион

Вандалски чин врз урбаната опрема на градскиот плоштад во Струмица

Александар | Media Press

Published

on

Денеска се случи уште еден вандалски чин врз урбаната опрема на градскиот плоштад.

Надлежните општински служби излегоа на терен, ја констатираа штетата и случајот е пријавен во Секторот за внатрешни работи – Струмица.

Вандалски чин е извршен и врз новопоставената тројазична табла на Државниот Архив во Струмица

Најостро го осудуваме овој вандалски чин и веруваме дека полицијата во најскоро време ќе ги открие сторителите и тие ќе бидат казнети.

Апелираме да престанат ваквите вандалски однесувања и да покажеме домаќински однос кон урбаната опрема во градот затоа што таа е поставена за да ни служи на сите нас.

Continue Reading

Струмица

Полицијата откри пет лица мигранти во возило на скопјанец, кое се движело во струмичкиот крај

Виолета | Media Press

Published

on

На 18. Февруари  во утринските часови  на локалниот пат од с.Банско – с.Робово, на влезот во с.Робово, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Ново Село“ запреле товарно возило „ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(62) од Скопје. При преглед во возилото биле пронајдени пет лица мигранти, од кои две од Авганистан и три од Пакистан. Д.Д. бил лишен од слобода и заедно со мигрантите биле спроведени во СВР Струмица.

Против Д.Д. е поднесена кривична пријава до ОЈО, а по наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци Гази Баба Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Само пред два дена лице од Гостивар беше фатено од радовишката полиција  како превезува група мигранти од  над триесетина лица, на локалниот пат Калуѓерица – Подареш. Тоа значи Македонската територија и понатаму останува како една од  транзит рутите преку која мигрантите се обидуваат да стасаат до западно европските држави. 

Ова го  потврдува и полицискиот билтен во кој скоро секојдневно се регистрираат  нови случаи за откриени илегални мигранти. Само за дваесетина дена од оваа година на границите со соседните земји биле спречени 1.365 обиди за илегално преминување. Најголемиот дел од нелегалните обиди се регистрираат во југоистокот од државата. За краток временски период во неколку одделни акции само во струмичкиот регион полицијата откри околу стотина мигранти. Според официјалната статистика на МВР минатата година биле спречени 24.601 обиди за илегално преминување на границите.

Continue Reading

Струмица

Во Струмица одржана јавна трибина за промовирање на новиот закон за спречување од дискриминација

Виолета | Media Press

Published

on

Локалното координативното тело за заштита од дискриминација и „Мрежата за заштита од дискриминација“ во Струмица организираа јавна трибина за промовирање на новиот закон за спречување од дискриминација.

Според Нела Масалковска координаторка на Локалното координативно тело за спречување од дискриминација, истото е формирано во 2016 година и го сочинуваат одредени релеватни актери во општина Струмица и тоа: кординаторот за еднакви можности на општина Струмица, Народниот правобранител, Подрачната канцеларија на министерството за правда во општина Струмица, како и граѓански организации кои што работат на бесплатната правна помош, како и за спречување на дискриминацијата.

 Ова тело работи согласно Законот за еднакви можности и Законот за спречување на дискриминација и неговата цел е создавање една фер општина за сите граѓани коишто ќе бидат еднакви и рамноправни.

Во 2019 година Локалното тело подготви Акциски план за заштита и спречување од дискриминација и во истиот се предвидени активности кои ќе бидат финансирани со средства од општинскиот буџет и ќе бидат реализирани во тековната 2020 година.

Continue Reading