Connect with us

Радовиш

Градоначалникот Конзулов изврши прием на среќните момчиња кои го фатија светиот крст секој во своето насeлено место

Виолета | Media Press

Published

on

Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, денес одржа прием на лицата кои за празникот Богојавление – Водици ги фатија светите крстови во населените места во општина Радовиш, каде од страна на црковните храмови беше органзиран Богојавленски водосвет.

Посакувајќи им многу здравје, среќа, бериќет и успеси на секое поле, Градоначалникот на  среќните момчиња кои се фрлаа по светиот крст и го извадија од осветената вода им подари таблет. Раде Ефтимов  беше среќното момче кое го фати крстот во Раклиш. Потоа Васе Василев во Ораовица,  Христијан Коцев во Подареш, Филип Митев  во Јаргулица,  Мите Темчев  во Покрајчево, Кристијан Ефремов во Злеово и  Филип Митев успеа да го фати светиот крст во Калугерица.

Инаку подарокот (ЛЦД Телевизор) за лицето Стојанче Вучковски, кое го фати крстот во Радовиш, беше доделен на самиот настан на Богојавление -Водици на 19.01.2020 година кога се фрли и го извади од осветените води во базенот на Спортско рекреативниот центар Шампион во Радовиш.

Радовиш

Соопштение за полагање испит за добивање сертификат за Авто-Такси

Александар | Media Press

Published

on

Соглaсно член 8-ѕ од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04, и измени) и Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на записникот за положен испит и на сертификатот за авто-такси возач, („Службен весник на РСМ“ бр. 126/19),

Општина Радовиш ќе одржува полагање на испитот за добивање сертификат за авто-такси возач секој петти во месецот (ако е во неработен ден, тогаш следниот работен ден) во просториите на Општина Радовиш од 12.30 ч. до 14.30 ч. Во случај на зголемен интерес ќе се даде дополнителен термин за полагање на испитот.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Радовиш најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.

Комисија за полагање на испит за авто – такси возач во Општина Радовиш

Continue Reading

Радовиш

Изложба- по проектот Претставување на културното наследство на иновативен начин, во библиотеката во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Во рамките на програмата за одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во библиотеката Браќа Миладиновци во Радовиш, беше органзирана и ИЗЛОЖБА – по проектот Претставување на културното наследство на иновативен начин – превземена од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје.
Изложбата ја отвори писателот Борче Панов.

На Изложбата беа претставени изработки од волна и керамика на кои имаше испишано букви од Старословенскиот јазик, а истата беше дел од организираната трибина, посветена на Меѓународниот ден на Мајчиниот јазик

Continue Reading

Радовиш

Уште една успешно спроведена крводарителска акција со над 40 крвни едници во Црвен крст Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Имено вчера  во просториите на Општинската организација на Црвен крст, Радовиш се одржа крводарителска акција, на која крв дарува 41 дарител.  Меѓу дарителите имаше и мажи и жени, кои несебично ја даруваа својот драгоцена течност.

Од Црвен крст и од екипата за трансфузиологија упатуваат голема благодарност до сите дарители кои ја покажаа својата хуманост.

Инаку ова е една од редовните крводарителски акции кои ги спроведува ОО на црвен крст во Радовиш согласно својата годишна програма.

Continue Reading