Connect with us

Економија

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 25 787 денари

Виолета | Media Press

Published

on

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 105.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (9.5 %), Преработувачка индустрија (8.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8.2 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 25 787 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 106.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (11.2 %), Преработувачка индустрија (10.1 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (9.6 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 38 319 денари.

Економија

МојДДВ -МојаНаграда:Уште 15 најсреќни граѓани добија по 100.000 денари, информира Министерството за финансии

Виолета | Media Press

Published

on

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на јануари.

Христина Колева, Ратко Соколовски, Пеце Трајковски, Александар Стојановски, Елена Илиевска Честојнов, Воислав Завков, Елена Пенева, Дарко Дучевски, Силвана Тасевска, Ивана Илиоска Николовска, Лујза Јаневска, Јулијана Даскалов, Дејан Смилевски, Бурамедин Суловски и Ефимија Маркоска се граѓаните кои беа извлечени во второто коло.

Поголемиот број добитници се од Скопје, додека останатите се од Битола, Охрид, Пробиштип, Велес, Кавадарци и Неготино. Износот на наплатен ДДВ од скенираните сметки во јануари изнесува рекордни 730 милиони денари.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, изјави дека „во јануари се скенирaни убедливо најмногу фискални сметки досега преку апликацијата МојДДВ, или над 15 милиони сметки, а наплатениот ДДВ од скенираните сметки во јануари е за над 70% повисок во однос на просекот од претходните пет месеци. Исто така, има и 50 илјади нови корисници на апликацијата, пријавени во текот на декември и јануари“.

„Граѓаните што скенираат сметки имаат трикратна корист, поточно  добиваат поврат, добиваат награди и помагаат во борбата против сивата економија, со што во иднина ќе добијат подобри јавни услуги: понови апарати и услови во болниците, подобри услови за школување во училиштата, подобра инфраструктура…“, вели Ангеловска.

Continue Reading

Економија

За 1,5 денари поевтинува дизелот

Виолета | Media Press

Published

on

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевитнуваат за 1,5 денари, цената на бензините останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Дизелот ќе изнесува 61 денар за литар, на екстра лесното масло за домаќинство 50 денари за литар. Еуросупер БС 95 ќе се продава и неделава по цена од 68 денари за литар и Еуросупер БС – 98 по 70 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,539 денари за килограм и ќе изнесува 37,885 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,56 отсто, кај дизелот намалување во просек за околу 4,79 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 4,81 отсто и кај мазутот намалување во просек за околу 7,82 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,25 денари за долар и е за 0,043 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Continue Reading

Економија

Ангеловска: Пензискиот фонд стабилен, јануарската пензија повисока за 700 денари

Виолета | Media Press

Published

on

Пензискиот столб е одржлив, а со јануарската пензија околу 322 илјади пензионери ќе добијат покачување за седумстотини денари.  Министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за „Утрински брифинг“, вели дека вклучително со индексакцијата за зголемување на трошоците за живот пензиите во 2020 ќе пораснат за 900 денари, со што се очекува просечната пензија изнесува 15.500 денари, инфомрираат од министерството за финансии.

-Ова е категорија на население на која треба да се обрне внимание, која тука живеела, придонесувала за оваа земја. Ако 44 проценти од пензионерите или околу 140 илјади земаат пензија до 12 илјади или 12 илјади денари, сметам дека кога имаме економски раст, кога имаме проекција за раст годинава од 3,8%, кога имаме раст на минималната плата, треба да ги адресираме и овие граѓани, вели министерката.

Во однос на одржливоста на  пензискиот фонд, министерката вели дека приходите од придонеси во претходната година бележат раст за 10 проценти. Ова зголемување е и резултат на растот на вработеноста во државава, бидејќи во моментот имаме историски најниска стапка на невработеност, посочи министерката.

-Очекувам да има позитивни ефекти и поради зголемување на минималната плата и секако со сите мерки кои се реализираат ќе се зголемат приходите во пензискиот столб. Во однос на тоа дали е одржлив веќе ги кажав аргументите по однос на кои растат приходите. Во однос на оној непокриен дефицит кој се надополнува од страна на Буџетот – ако во 2018 изнесувал 16,5 милијарди денари, сега тој е 16,3 милијарди денари, што значи дека се работи на стабилизација. Стабилноста на пензискиот фонд е клучно за нашата економија, за нашата земја, бидејќи имаме популација која старее, вели министерката.

Continue Reading