Секторот за внатрешни работи-Струмица, во рамките на
своите надлежности во претстојниот период ќе превзема интензивни мерки и
активности во угостителските објекти на подрачјето, имајќи ја во предвид
зголемената бучава (гласната музика), раздвиженоста во угостителските објекти,
пред се во кафулињата, дискотеките и ноќните барови во кои се позабележително е присуството на
младите, посебно во вечерните часови.
Активностите на полицијата се насочени на: присуство на малолетници во угостителски
објекти после 24,00 часот, точењето алкохолни пијалоци на малолетни лица и
прегласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните а пред се оние што
живеат во близина на угостителските објекти.
Додека во поглед на почитување на работното време во
координација со државниот пазарен испекторат ќе се превземаат координирани мерки и активности.
За сите сопственици на
угостителските објекти кај кои ќе бидат констатирани прекршоци и истите
продолжуват да ги прават, СВР-Струмица согласно своите надлежности, во рамките
на Законот за прекршоци, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир
и други законски прописи, ќе
изготви соодветни поднесоци, а за
правните лица ќе предложи
изрекување на соодветни прекршочни санкции.
СВР Струмица апелира
до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните да ги почитуваат законските правила и
прописи. Доколку се констатира состојба спротивна на Законот
истата соодветно ќе се санкционира.
Ваквите интензивни мерки и
активности на полициските службеници самостојно и во координација со надлежни
инспекциски служби ќе продолжат да се реализират и во претстојниот период стои во известувањето од свр струмица.