Connect with us

Радовиш

По неколку минутно барање, Стојанче Вучковски е среќното момче кое го фати светиот крст во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Среќното момче кое го фати Светиот крст во Радовиш на големиот празник  Богојавление – Водици  кој се одбележува секоја година на 19  јануари, е 24  годишниот Стојанче Вучковски кој осум пати досега се фрла по  крстот а трет пат  го фаќа.

Чинот на фрлање на Светиот крст на празникот Богојавление – Водици кој се одбележува во чест на крштевањето на Исус Христот во реката Јордан  во Радовиш беше извршен во базенот на Спортско Рекреативниот центар Шампион, на кој присуствуваа голем број верници а дваесетина момчиња се фрлија по крстот.  Сречното момче кое успеа да го фати, очекува здравје среќа и бриќет за него и за сите граѓани.

Во Радовиш Водици се  прославува  веќе 12 години со сите почести, со избор на кум кој  помага околу самата организација. Кум за овогодишното организирање на Богојавление беше Ристов Горѓи, кој задоволен од кумството го предаде на новиот кум Горан Поцев, кој ке биде кум за наредната година.   

Срекното момче кое го фати светиот крст доби пригодни подароци од црквата и од овогодишниот кум, а од името на Општина Радовиш  градоначалникот Герасим Конзулов му подари  телевизор, а најсреќните кои го фатиија крстот по населените места ќе добија таблет.

Радовиш

Изложба- по проектот Претставување на културното наследство на иновативен начин, во библиотеката во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Во рамките на програмата за одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во библиотеката Браќа Миладиновци во Радовиш, беше органзирана и ИЗЛОЖБА – по проектот Претставување на културното наследство на иновативен начин – превземена од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје.
Изложбата ја отвори писателот Борче Панов.

На Изложбата беа претставени изработки од волна и керамика на кои имаше испишано букви од Старословенскиот јазик, а истата беше дел од организираната трибина, посветена на Меѓународниот ден на Мајчиниот јазик

Continue Reading

Радовиш

Уште една успешно спроведена крводарителска акција со над 40 крвни едници во Црвен крст Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Имено вчера  во просториите на Општинската организација на Црвен крст, Радовиш се одржа крводарителска акција, на која крв дарува 41 дарител.  Меѓу дарителите имаше и мажи и жени, кои несебично ја даруваа својот драгоцена течност.

Од Црвен крст и од екипата за трансфузиологија упатуваат голема благодарност до сите дарители кои ја покажаа својата хуманост.

Инаку ова е една од редовните крводарителски акции кои ги спроведува ОО на црвен крст во Радовиш согласно својата годишна програма.

Continue Reading

Радовиш

Трета обука, по програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција промоција на хумани вредности) во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Општинска организација на Црвен крст во  Радовиш ја одржа и третата обука, по програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција промоција на хумани вредности).  На овие обуки младите лица од 13 до 17 години, ученици во Општинските училишта во Радовиш, се стекнуваат со знаења и вештини како да ги препознаат проблемите, да бараат решенија, како да направат проценка на потребите на нивните целни групи, како правилно да помогнат на оние на кој им е најпотребна нивната помош, и како сето тоа на крај правилно да го документираат.

Од Црвен крст во Радовиш очекуваат да се реализират најмалку пет прокети, кои треба да бидат финализирани заклучно до 29 април 2020 година, а со кои ќе им се помогне на одредена катагорија граѓани

Изработката на проектите ќе следува веднаш по завршувањето на обуките. ЦКА-ПХВ програмата претставува национална програма во која се вклучени младинци од 13 до 17 години, а воедно програмата претставува и алатка за регрутирање на нови волонтери во Клубовите на млади. Во целата држава секоја година се обучуваат околу 1200 млади луѓе, кои просек изработуваат  околу 150 мали  прокети, преку кои се помага на околу 3500 луѓе на годишно ниво. Тие добиваат унифицирана обука за дејствување на терен, како да ги препознаат проблемите, со цел изработка на мали проекти за добробит на заедницата

Continue Reading