Connect with us

Радовиш

Од први Февруари во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш, здравствените работници ќе може да полагаат стручни испити

Виолета | Media Press

Published

on

ЈЗУ Здравствен дом Радовиш доби Решение од Министерството за Здравство за полагање на стручни испити на здравствени работници со завршено средно, вишо и високо стручно образование и тоа за следните образовани профили:

  • Медицински сестри, виши медицински сестри и дипломирани медицински сестри
  • Забни техничари. стоматолошки сестри, виши стоматопротетски техничари
    и стручни забни техничари.

Кандидатите за полагање на стручните испити повеќе немаат обврска да патуваат и полагаат во соседните градови. Од 21.01.2020 година можат да се пријавуваат во Јавната Здравствена установа Здравствен дом – Радовиш

Радовиш

Соопштение за полагање испит за добивање сертификат за Авто-Такси

Александар | Media Press

Published

on

Соглaсно член 8-ѕ од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04, и измени) и Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на записникот за положен испит и на сертификатот за авто-такси возач, („Службен весник на РСМ“ бр. 126/19),

Општина Радовиш ќе одржува полагање на испитот за добивање сертификат за авто-такси возач секој петти во месецот (ако е во неработен ден, тогаш следниот работен ден) во просториите на Општина Радовиш од 12.30 ч. до 14.30 ч. Во случај на зголемен интерес ќе се даде дополнителен термин за полагање на испитот.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Радовиш најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.

Комисија за полагање на испит за авто – такси возач во Општина Радовиш

Continue Reading

Радовиш

Избран најповолниот понудувач за реализација на градежни активности во село Ињево

Виолета | Media Press

Published

on

Како што информираат од  Општина Радовиш,  изградбата на комуналната инфраструктура во с. Ињево продолжува.

Градоначалникот Герасим Конзулов го склучи договорот  за изградба на атмосферска канализација на Ул. 9.1, 9.2 и 19.2 во Ињево со најповолниот понудувач „Пешо инженеринг“ – Струмица. Реализацијата на проектот ќе заврши за 3 месеци, по што ќе се продолжи со изградба на ул. 9.2 со асфалтирање.

Со тоа се заокружуваат градежните активности во село Ињево за 2019 година, истакна градоначалникот Конзулов при потпишувањето на договорот.

Continue Reading