Connect with us

Радовиш

Радовишанец пријавил дека бил физички нападнат на бензиска пумпа

Виолета | Media Press

Published

on

На 16.01.2019 година во 18.00 часот во Полициска станица Радовиш, лицето М.Ѓ. (56) од Радовиш пријавил дека во 15.40 часот на бензинска пумпа во Радовиш, бил физички нападнат од лицето В.А. од село Ораовица.

Според информациите од портпаролот од СВР Струмица, Полициска станица Радовиш, се  преземаат мерки за расчистување на случајот.

Радовиш

Соопштение за полагање испит за добивање сертификат за Авто-Такси

Александар | Media Press

Published

on

Соглaсно член 8-ѕ од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04, и измени) и Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на записникот за положен испит и на сертификатот за авто-такси возач, („Службен весник на РСМ“ бр. 126/19),

Општина Радовиш ќе одржува полагање на испитот за добивање сертификат за авто-такси возач секој петти во месецот (ако е во неработен ден, тогаш следниот работен ден) во просториите на Општина Радовиш од 12.30 ч. до 14.30 ч. Во случај на зголемен интерес ќе се даде дополнителен термин за полагање на испитот.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Радовиш најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.

Комисија за полагање на испит за авто – такси возач во Општина Радовиш

Continue Reading

Радовиш

Изложба- по проектот Претставување на културното наследство на иновативен начин, во библиотеката во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Во рамките на програмата за одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во библиотеката Браќа Миладиновци во Радовиш, беше органзирана и ИЗЛОЖБА – по проектот Претставување на културното наследство на иновативен начин – превземена од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје.
Изложбата ја отвори писателот Борче Панов.

На Изложбата беа претставени изработки од волна и керамика на кои имаше испишано букви од Старословенскиот јазик, а истата беше дел од организираната трибина, посветена на Меѓународниот ден на Мајчиниот јазик

Continue Reading

Радовиш

Уште една успешно спроведена крводарителска акција со над 40 крвни едници во Црвен крст Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Имено вчера  во просториите на Општинската организација на Црвен крст, Радовиш се одржа крводарителска акција, на која крв дарува 41 дарител.  Меѓу дарителите имаше и мажи и жени, кои несебично ја даруваа својот драгоцена течност.

Од Црвен крст и од екипата за трансфузиологија упатуваат голема благодарност до сите дарители кои ја покажаа својата хуманост.

Инаку ова е една од редовните крводарителски акции кои ги спроведува ОО на црвен крст во Радовиш согласно својата годишна програма.

Continue Reading