Connect with us

Радовиш

Реализиран уште еден предизвик за алпинистот Мајсторски, искачување по замрзнати водопади

Виолета | Media Press

Published

on

Уште еден предизвик во искачување на минусни температури, по мраз, реализира алпинистот од АК „Плоча“ од Радовиш Зоран Мајсторски.

Тој заедно со уште двајца алпинисти  Назир Мурсели од Тетово и Ненад Радевски од Скопје ги искачија  замрзнатите водопади на Патишка Река .

Според Мајсторски ова е предизвик за нив бидејќи иако тешко за изкачување, сепак ваква природна убавина треба да се посети и преку фотографија да се доближи  до граѓаните. Водопадите на Патишка Река кои се наоѓаат во близина на Скопје, биле целосно замрзнати и претставувале вистинска убавина за очи, но тешки за искачување.

Иако беа цврсто замрзнати сепак ги совладавме и се искачивме по нив, вели Мајсторрски.

Патишка Река е понорница во Македонија. Се наоѓа на скопска Сува Планина, јужно од Скопје, поминува низ истоименото село Патишка Река и се влива во Маркова Река.

прикажи повеќе

Радовиш

Радовиш ќе добие енергетски ефикасно јавно осветлување по ЕСКО МОДЕЛ

Виолета | Media Press

Published

on

Советот на Општина Радовиш донесе Одлука за давање на позитивно мислење за предлог-договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за давање на енергетски услуги за јавно осветлување и овластување на градоначалникот за потпишување на договор.  Пред донесувањето на одлуката градоначалникот Конзулов даде мало објаснување што ќе придонесе овој проект за уличното осветлување во градот.

Новиот ЕСКО МОДЕЛ обезбедува подобри услови за граѓаните со примена на мерки за енергетска ефикасност и враќање на инвестицијата исклучиво преку заштеда на енергија. Проектот предвидува; Оржлив модел за општински развој; Модерна ЛЕД технологија; Штедливи светилки; Централно дигитално управување со мрежа; Одржување на опремата од страна на ЕСКО компанијата и
опремата останува кај крајниот корисник.

Со реализацијата на овој проект Радовиш ќе добие енергетски ефикасно јавно осветлување.

Continue Reading

Избори 2020

Што предвидуват во програмата и што ветуваат Заев и Мицкоски пред граѓаните во регионот

Виолета | Media Press

Published

on

Лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ,  Зоран Заев и Христијан  Мицкоски кои го посетија Радовиш, на прашањето што да очекуваат граѓаните од регионот одговрија:

Заев: Овој наш земјоделски регион ќе го заштитиме еколошки, ќе ги подигнеме платите а ќе се качуваат и пензиите,земјоделството ќе се унапредува…

Мицкоски: Бизнисмените да очекуваат најнизок данок, вработување на невработените,  поврзување на Конче со Струмица преку Рич и Попчево, 1000 километри локални регионални патни правци, унапредување на земјоделието, инвестиции…

Continue Reading

Избори 2020

Мицкоски во посета на Радовиш и Конче: Се обврзавме на чесна и честита работа

Виолета | Media Press

Published

on

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ вчера  ја промовираа програмата пред граѓаните на Радовиш. Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијн Мицкоски пред граѓаните рече: „Ги посетивме Конче и Радовиш. Се обврзавме на чесна и честита работа. Се обврзавме на обнова која ќе ја донесеме после 15 јули. Македонија мора да си ја исправиме!“.

Пред граѓаните на Радовиш се претставија и кандидатот за пратеник Здравко Трајанов и носителот во ИЕ 4 Александар Николовски.

„Радовиш ми е во душата и ќе направам се да ја вратам гордоста на радовишани“, рече Трајанов,ж.

На трибината во Струмица Мицкоски меѓу другото рече „Нема преговарање за Гоце Делчев. Гоце Делчев е Македонија. Не смее никој да преговара ниту за Гоце, ниту за Даме, ниту за Никола, ниту за Питу, ниту за Тодор. Тие се Македонија. Врз основа на тие луѓе државата ја градевме!“

Continue Reading