Connect with us

Ново Село

Започна изведбата на долго очекуваниот водоводен систем во Сушица, Општина Ново село

Виолета | Media Press

Објавено

N

Како штоинформираат од општината, изведбата на водоводниот систем ќе биде финансирано преку средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделстовото и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и Буџетот на Општина Ново Село.

 Проектот е финансиран од Мерка 321 „Развој на јавна инфраструктура во рурални средини“, под мерка „Инвестиции во водоснабдителни и канализациони системи во населени места во рурални средини“.

Вкупната инвестиција на проектот е во вредност од 22.318.475 денари со ДДВ информира градоначалникот на Општина Ново село Никола Андонов.