Connect with us

Радовиш

Јавен оглас за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа, тренер и спортски работник од Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Објавено

N

Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Радовиш објави јавен оглас за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2019 год.како и за спортски работник за повеќегодишна работа.

 Комисијата за култура, образование и спорт ги повикува сите спортисти и спортски екипи од општина Радовиш, кои имаат остварено спортски успеси во текот на 2019 година, да пријават кандидати на Јавниот оглас.

Пријавата треба да биде потпишана и заверена од страна на овластеното лице на спортскиот клуб или здружението кое го пријавува спортистот, спортската екипа, тренерот или спортскиот работник.

Во пријавата треба да бидат наведени постигнатите резултати во поединечна или во екипна конкуренција во 2019-та година, а во прилог да бидат приложени докази за истите  (копија од диплома, фотографија, извештај од федерација и сл.).

Рокот за доставување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на Јавниот оглас, заклучно со 21.01.2020 год.

Пријавите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш со назнака за Комисија за култура, образование и спорт. Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш.

Или директно во архивата на ЕЛС општина РадовишСо назнака : За избор на спортист на годината информират од Kомисија за култура, образование и спорт.

Радовиш

Четврта година по ред стипендија Солвеј, за беплатен курс по англиски јазик за талентирани ученици

Виолета | Media Press

Објавено

N

Од вчера започнаа часовите за бесплатниот четиримесечен курс по англиски јазик за талентирани ученици,  финасиски подржан од  компанијата Солвеј преку Рудникот Бучим во Радовиш. Четврта година по ред компанијата Солвеј ја спроведува оваа стипендија преку која двајца најдобри ќе учествуват  на Музичкиот оперски камп во Салзбург, Австија каде ќе се претстават со своите таленти. Часовите ќе се одржуваат во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, а на првиот час присуствуваше и заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов.

 Николов им посака на учениците да не им биде приоритет патувањето во Салзбург туку да го научат англискиот јазик и да се дружат. Часовите ќе ги одржува професорката Катерина Сусинова,  заедно со онлајн  професорка  од Америка,  со што на 18-те ученици колку што се запишани годинава, ќе им помогнат да го доусовршат англискиот јазик.

 Компанијата Солвеј годинава ги прифати сите кандидати кои што се пријавија за бесплатно доусовршување на англаскиот јазик од кои 11 ученици доаѓаат од Општина Конче.

 Учениците се надеваат дека на овој курс ќе го доусовршат англискиот јазик а се надеваат дека ќе бидат избрани и за патување во Салзбург, кој се наоѓа во средниот дел на Австрија.

Салзбург е познат по барокниот стил, еден од најзачуваните во Средна Европа. Поради тоа, градското јадро претставува културно наследство заштитено од УНЕСКО. Исто така, познат е и како “град на класичната музика“, благодарение на Волфганг Амадеус Моцарт, кој се родил токму овде

Прочитај повеќе

Радовиш

Дрвокрадците го нарушуваат планското стопанисување со огревно дрво, на планината Плачковица

Виолета | Media Press

Објавено

N

Планината Плачковица располага со богат шумски фонд. Граѓаните нетреба да бидат загрижени, бидејки ЈП Национални шуми -Подружница Плачковица стопанисува плански и домаќински. Има доволно огревно дрво и за наредните години, изјави директорот на Подружница – Плачковица Димче Анастасов.

Планското стопанисување го нарушуват дрвокрадците, кои за жал сеуште ги има, а во нелегалната сеча помагаат и граѓаните, со тоа што купуваат дрва за поевтина цена, од диви препродавачи.

Иако Полицијата од Радовиш и Шумската Полиција се обидуваат да го контролираат дрвокрадството, сепак како појава сеуште е присутна. Од  Подружница Плачковица аплеираат до граѓаните да не им помагаат на дрвокрадците, со тоа што ќе купуваат дрва од нив за пониска цена, а честопати изманипулирани во количините.

Прочитај повеќе

Радовиш

Скромни подароци за најмалите членови на Здружението на дијабетичари од Радовиш

Виолета | Media Press

Објавено

N

И оваа година традиционално,Здружението на дијабетичари на Радовиш Подареш и Конче,со скромни поклони за најмалите членови на Здружението , по повод Новогодишните и Божикните празници. Според она што го дознаваме од претседателот на здружението Тони Митев, 6-те  дечиња кои  се најмалите членови се  изненадени со подарок, тренерки.   

Децата се на возраст од 3 до 15 години, а подароците им беа дадени во просториите на здружението во Радовиш.

Прочитај повеќе