Connect with us

Радовиш

Стартува сезоната за склучување на нови договори за набавка на огревно дрво за новата грејна сезона

Виолета | Media Press

Објавено

N

ЈП Национални шуми, Подружница Плачковица од Радовиш, започна со склучување на нови договори за набавка на огревно дрво, за новата грејна сезона. Од таму апелираат до правните и физички лица  навреме да склучат договори, со цел да се планират потребните количини на дрво. Цената по метар кубен, останува иста како и претходните години.

Дабот се продава по 3505 денари за метар кубен,  а цената за Бука изнесува 3387 денари за метар кубен. Според директорот Димче Анастасов се апелира за навремено склучување на догвори и поради еколошки причини, односно да се намали загаувањето. Бидејки   се препорачува да се користи просушено дрво а не сурово кое при горењето испушта повеќе чад.

 Продажба на огревно дрво за физички лица може да се врши најмногу на 6 рати. Граѓаните може да ги склучат новите договори  директно во Подружница Плачковица  во Радовиш, или преку синдикалната органзиација во фирмата во која работат.

 Рокот за поднесување на апликации за склучување на договори е до исполнување на планираните количини на огревно дрво,  или до крајот на Март годинава. Рокот за склучување на годишни договори  со правни лица, кои имаат регистирано склад за промет на дрво и дрвни сортименти е до исполнување на слободните планирани количини  на огревно дрво или техничко дрво.  ЈП Национални шуми, нема да склучува догвори со лица кои имаат заостанат долг.

Радовиш

Четврта година по ред стипендија Солвеј, за беплатен курс по англиски јазик за талентирани ученици

Виолета | Media Press

Објавено

N

Од вчера започнаа часовите за бесплатниот четиримесечен курс по англиски јазик за талентирани ученици,  финасиски подржан од  компанијата Солвеј преку Рудникот Бучим во Радовиш. Четврта година по ред компанијата Солвеј ја спроведува оваа стипендија преку која двајца најдобри ќе учествуват  на Музичкиот оперски камп во Салзбург, Австија каде ќе се претстават со своите таленти. Часовите ќе се одржуваат во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, а на првиот час присуствуваше и заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов.

 Николов им посака на учениците да не им биде приоритет патувањето во Салзбург туку да го научат англискиот јазик и да се дружат. Часовите ќе ги одржува професорката Катерина Сусинова,  заедно со онлајн  професорка  од Америка,  со што на 18-те ученици колку што се запишани годинава, ќе им помогнат да го доусовршат англискиот јазик.

 Компанијата Солвеј годинава ги прифати сите кандидати кои што се пријавија за бесплатно доусовршување на англаскиот јазик од кои 11 ученици доаѓаат од Општина Конче.

 Учениците се надеваат дека на овој курс ќе го доусовршат англискиот јазик а се надеваат дека ќе бидат избрани и за патување во Салзбург, кој се наоѓа во средниот дел на Австрија.

Салзбург е познат по барокниот стил, еден од најзачуваните во Средна Европа. Поради тоа, градското јадро претставува културно наследство заштитено од УНЕСКО. Исто така, познат е и како “град на класичната музика“, благодарение на Волфганг Амадеус Моцарт, кој се родил токму овде

Прочитај повеќе

Радовиш

Дрвокрадците го нарушуваат планското стопанисување со огревно дрво, на планината Плачковица

Виолета | Media Press

Објавено

N

Планината Плачковица располага со богат шумски фонд. Граѓаните нетреба да бидат загрижени, бидејки ЈП Национални шуми -Подружница Плачковица стопанисува плански и домаќински. Има доволно огревно дрво и за наредните години, изјави директорот на Подружница – Плачковица Димче Анастасов.

Планското стопанисување го нарушуват дрвокрадците, кои за жал сеуште ги има, а во нелегалната сеча помагаат и граѓаните, со тоа што купуваат дрва за поевтина цена, од диви препродавачи.

Иако Полицијата од Радовиш и Шумската Полиција се обидуваат да го контролираат дрвокрадството, сепак како појава сеуште е присутна. Од  Подружница Плачковица аплеираат до граѓаните да не им помагаат на дрвокрадците, со тоа што ќе купуваат дрва од нив за пониска цена, а честопати изманипулирани во количините.

Прочитај повеќе

Радовиш

Скромни подароци за најмалите членови на Здружението на дијабетичари од Радовиш

Виолета | Media Press

Објавено

N

И оваа година традиционално,Здружението на дијабетичари на Радовиш Подареш и Конче,со скромни поклони за најмалите членови на Здружението , по повод Новогодишните и Божикните празници. Според она што го дознаваме од претседателот на здружението Тони Митев, 6-те  дечиња кои  се најмалите членови се  изненадени со подарок, тренерки.   

Децата се на возраст од 3 до 15 години, а подароците им беа дадени во просториите на здружението во Радовиш.

Прочитај повеќе