Connect with us

Радовиш

Радовиш и Сандански со заеднички мерки ќе се борат против елементарните непогоди

Виолета | Media Press

Published

on

Целта е превенција и намалување  на последиците од евентуалните катастрофи, пред се поплавите кои во последните 20 години се честа појава во овој регион.

Еден од главните зафати на проектот е уредување на дел од коритото на река Сушица која само во последните десетина години се има излеано три пати, а во 2009 однесе и еден човечки живот, рече Жулиета Ѓуркова раководител на центар за развој на ЈИ Регион.

Од Општина Радовиш сметаат дека овие зафати ќе значат многу не  само за нивната општина, туку и за целиот струмички регион во кој се сливаат надојдените води. Со проектот е планирано регулација на околу 630 метри од речното корито на реката Сушица, а ќе се реализира во наредните две години. Еден дел од активностите е насочен кон подигањето на свеста за климатските промени и последиците од нив.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија и е вреден близу 588 илјади евра. Со свој дел од околу 192 000 евра учествува и општина Радовиш.

Радовиш

Општина Радовиш ќе спроведе чистење на коритото на Радовишка река, долж течението

Виолета | Media Press

Published

on

Согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2020 година на Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Радовиш утре ќе го спроведе проектот за чистење на коритото на Радовишка река, долж течението на реката низ централното градско подрачје.

Носител на проектот е фирмата Клин Кат Сервис од Скопје со асистенција на ЈП Плаваја во делот на одложување и транспорт на ѓубрето.

„Целта на овој проект е да се унапреди зачувувањето на здравата животна средина во самиот град, како и подигнување на свеста кај локалното население за зачувување на здрава животна околина и придобивките од истата“, стои во известувањето од Општина Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Исчезна 29 годишна жена од с. Дедино

Александар | Media Press

Published

on

Според информациите од МВР, вчера околу 16:00 часот во Полициска станица Радовиш било пријавено од И.А дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга Д.А.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading

Радовиш

Прекин на водоснабдувањето утре ќе имаат трета и четврта урбана заедница во Радовиш

Александар | Media Press

Published

on

Од Јавно Претпријатие „Плаваја“ известуваат дека утре се планира прекин на водоснабдувањето за трета и четврта урбана заедница во Радовиш.

Прекинот на водоснабдувањето е поради повеќе барања од корисниците на водоводните услуги на претпријатието заради интервенции на водоводните инсталации.

Прекин на водоснабдувањето ќе има утре, среда 29 Јули 2020 година во раните утрински часови односно од 8:30 часот од 11:30 часот.

Од ЈП „Плаваја“ упатуваат апел да се однапред да се обезбедат потребните количини на вода за период во кој ќе се вршат интервенциите кај корисниците.

Continue Reading