Connect with us

Македонија

Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање

Виолета | Media Press

Објавено

N

На предлог на Министерството за труд и социјална политика  собранието ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост.

Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање, за две и пол години решивме вкупно 12.000 стечајни работници се вели во соопштението од Влада.

Според истото, Законот стапува на сила со објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија и ги повикуваме стечајните работници од петок да поднесуваат барања во Центрите за вработување за да може да го остварат правото на користење на месечен надометок од околу 8.000 денари.

Со последните измени опфатот на стечајни работници коишто ќе бидат материјално обезбедени до нивно пензионирање се проширува на уште 1.000 лица, со што вкупната бројка на материјално обезбедени стечајци коишто ги реши оваа Владата за две и пол години е 12.000. Како за споредба, претходната власт за вкупно 11 години владеење успеа да реши само 4.000 стечајни работници. Со неколкуте измени коишто претходно беа направени на предлог на Министерството за труд и социјална политика како Влада покажавме дека имаме слух за работниците коишто со години беа оставени без никакви приходи и без работа како последица на транзицијата информираат од влаината Прес служба

Македонија

Превентивни мерки против корона вирусот и на аеродромот во Скопје

Виолета | Media Press

Објавено

N

Од денеска превентивни мерки против корона вирусот кој предизвика глобална загриженост, ќе се спроведуваат на Меѓународниот аеродром Скопје. Со термална камера ќе се скенираат патниците на летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус. На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед на сомнителните патници.

Надлежните тврдат дека простор за паника од корона вирусот во земјава не постои, но Комисијата за заразни болести, сепак,  заклучила по препораките од Светската здравствена организација за ширењето на вирусот, кој има епицентар во Вухан, да бидат преземат превентивни мерки.

Здравствените работници појаснуваат дека станува збор за вирус со слични симптоми на грипот, може да помине со лесна, средна, но и со тешка форма, каде може да настапи и смрт. Засега нема вакцина против корона вирусот и затоа се препорачуваат мерки на превенција за заштита.

Прочитај повеќе

Македонија

Пендаровски учествуваше на Меѓународниот форум „Сеќавање на Холокаустот и борба против Антисемитизмот“

Виолета | Media Press

Објавено

N

Претседателот Стево Пендаровски вчера присуствуваше на форумот „Сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот“, којшто се одржа во Ерусалим, Израел.

Во известувањето од Прес Службата на претседателот се вели;

-На форумот, покрај претседателот и премиерот на Израел, Реувен Ривлин и Бенјамин Нетанјаху, се обратија и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, потпретседателот на САД Мајк Пенс, претседателите на Франција и на Германија, Емануел Макрон и Франк Валтер Штајнмаер, како и Неговото Височество, Принцот Чарлс. На конференцијата во Ерусалим зборуваа и Авнер Шалев, претседател на Јад Вашем, претседателот на советот на Јад Вашем, Рабинот Меир Лау и Моше Кантор, претседател на Фондацијата на Светскиот форум на Холокаустот.

Нагласувајќи дека ниту еден политичар или поединец повеќе не смее да дозволи да се случи ист или сличен настан како Холокаустот, говорниците и присутните им оддадоа почит на околу 6 милиони Евреи од целиот свет коишто беа убиени во Втората светска војна.

Положувајќи меморијален венец, претседателот Пендаровски им оддаде почит и на илјадниците убиени македонски Евреи кои беа депортирани во логорот на смртта во Треблинка, во Полска. Претседателот Пендаровски им оддаде почит и на сите останати жртви, коишто во периодот од 1941-ва до 1945-тата година биле немилосрдно измачувани, а потоа и убиени.

По повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц, во рамки на конференцијата во Ерусалим, двајца преживеани од Холокаустот го запалија меморијалниот факел.

Прочитај повеќе

Македонија

1.100 случаи со заболувања на грип, оваа недела

Виолета | Media Press

Објавено

N

Расте бројот на заболени од грип.  Институтот за јавно здравје информира дека во текот на оваа недела пријавени се 1.100 случаи со заболувања на грип, што е зголемување за 88,7% во споредба со минатата недела, кога беа регистрирани 583 случаи. Со тоа оваа сезона бројот на болни се искачи на 2.718 заразени, а споредено со истиот период лани тоа е двојно зголемување.

Како што информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување пик на сезоната на грип во текот на следните недели.

Во лабораторијата за вируси на ИЈЗ, пристигнале 40 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 20 (50 отсто) биле позитивни за присуство на вирусот .

Најголем број случаи и тоа 689 лица се пријавени во најголемата возрасната група – лица од 15 до 64 години, додека засега најмалку се заболени децата на возраст до четири години. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица -218 заболени од грип.

Лекарите препорачуваат да се избегнуваат простории каде што има присуство на повеќе лица, да се носи топла облека, шал, капа, и ракавици, да се одржува лична хигиена и без потреба да не се излегува надвор, ова посебно се однесува за хронично болните и повозрасни лица.

Прочитај повеќе