Connect with us

Дојран

Активно се работи на рехабилитација на регионалниот пат помеѓу Нов Дојран и Стар Дојран

Виолета | Media Press

Објавено

N

Продолжуваат градежните активности на ЈП за државни патишта за рехабилитација на регионалниот пат R1105 помеѓу Нов Дојран и Стар Дојран објави денеска градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов.

Расчистување на банкини, отварање и расчистување на отворени канали и риголи за одведување на атмосверските води се само дел од работните кативности .

СпоредАнгов во наредниот период следува гребење на старата асфалтна подлога и поставување на нов асфалт.

Дојран

Со прекуграничен проект ќе се регулира нивото на водата во Дојранското Езеро

Давид | Media Press

Објавено

N

Општина Дојран ќе реализира проект за расчистување на каналот од грчка страна, од каде треба да истекува вода и да се регулира нивото на водата во Дојранското Езеро, кој во моментов не е во функција ова го најави градоначалникот на Дојран Анго Ангов.

Иако езерото речиси го достигна нивото од пред дваесетина години и ги поплави плажите и ги урна крајбрежните пешачки патеки, хидросистемот  Ѓавато работи со половина од расположливиот капацитет. Хидросистемот не може да престане со работа бидејќи министерството за животна средина има обврзувачки договор со приватен концесионер кој има изградено хидроцентрала на езерото. Единствено решение засега е Проектот кој ќе се реализира со прекуграничен соработка со општина Кукуш од Грција.

Ангов најави дека со  проект од ЈПР ќе се уредува крајбрежјето на Дојранското езеро кое беше разрушено со доаѓањето на водата  а ќе се  поместува и пешачката патека.

Прочитај повеќе

Дојран

Од 15 до 30 минути чекање на граница за излез од државата

Виолета | Media Press

Објавено

N

На граничните премини Дојран, Богородица и Табановце,  се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути информираат од АМСМ. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на соте  државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитај повеќе

Дојран

Приведени две лица кои се обиделе да пренесат марихуана преку граничниот премин Стар Дојран

Виолета | Media Press

Објавено

N

На 22.07.2019 на граничниот премин Стар Дојран приведени се лицата Е.М.  и Е.Х., двајцата од с. Долна Бањица, Гостивар поради обид да пренесат марихуана преку граничниот премин.  Е.М. управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистерски таблички и Е.Х., како сопатник во возилото имале намера да излезат од Република Северна Македонија  на граничниот премин Стар Дојран, но при извршената контрола во возилото пронајдени се 20 кеси со марихуана.  Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Прочитај повеќе