Connect with us

Македонија

Православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики во народот познат и како Василица

Виолета | Media Press

Објавено

N

По Божик, православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики во народот познат и како Василица односно Стара нова година. Според обичаите на тој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, пеењето на василичарските песни во кој треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики, а некаде се практикува и палењето на огнот кои треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги прогонуваат лошите сили  а според црквата е пагански обичај.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Од Атина повторно заминал во Ерусалим каде на триесетгодишна возраст бил покрстен од страна на епископот Максим во реката Јордан и потоа ракоположен за отец во црквата. Според христијанското верување, Свети Василиј го раздадел својот имот на сиромашните  ставајки златници во лебот и тргнал во 357 година кон АлександријаЕгипетПалестина и Месопотамија, учејќи го монаштвото. Во областа на монаштвото оставил и многу поуки. Зборувал и пишувал прекрасно за покајанието, пороците и добродетелите, смртта и воскресението на душата, спасението. Во 360 година бил поставен како ѓакон, а подоцна и како свештеник. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.  Како светец бил прогласен по неговата смрт.

Македонија

Превентивни мерки против корона вирусот и на аеродромот во Скопје

Виолета | Media Press

Објавено

N

Од денеска превентивни мерки против корона вирусот кој предизвика глобална загриженост, ќе се спроведуваат на Меѓународниот аеродром Скопје. Со термална камера ќе се скенираат патниците на летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус. На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед на сомнителните патници.

Надлежните тврдат дека простор за паника од корона вирусот во земјава не постои, но Комисијата за заразни болести, сепак,  заклучила по препораките од Светската здравствена организација за ширењето на вирусот, кој има епицентар во Вухан, да бидат преземат превентивни мерки.

Здравствените работници појаснуваат дека станува збор за вирус со слични симптоми на грипот, може да помине со лесна, средна, но и со тешка форма, каде може да настапи и смрт. Засега нема вакцина против корона вирусот и затоа се препорачуваат мерки на превенција за заштита.

Прочитај повеќе

Македонија

Пендаровски учествуваше на Меѓународниот форум „Сеќавање на Холокаустот и борба против Антисемитизмот“

Виолета | Media Press

Објавено

N

Претседателот Стево Пендаровски вчера присуствуваше на форумот „Сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот“, којшто се одржа во Ерусалим, Израел.

Во известувањето од Прес Службата на претседателот се вели;

-На форумот, покрај претседателот и премиерот на Израел, Реувен Ривлин и Бенјамин Нетанјаху, се обратија и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, потпретседателот на САД Мајк Пенс, претседателите на Франција и на Германија, Емануел Макрон и Франк Валтер Штајнмаер, како и Неговото Височество, Принцот Чарлс. На конференцијата во Ерусалим зборуваа и Авнер Шалев, претседател на Јад Вашем, претседателот на советот на Јад Вашем, Рабинот Меир Лау и Моше Кантор, претседател на Фондацијата на Светскиот форум на Холокаустот.

Нагласувајќи дека ниту еден политичар или поединец повеќе не смее да дозволи да се случи ист или сличен настан како Холокаустот, говорниците и присутните им оддадоа почит на околу 6 милиони Евреи од целиот свет коишто беа убиени во Втората светска војна.

Положувајќи меморијален венец, претседателот Пендаровски им оддаде почит и на илјадниците убиени македонски Евреи кои беа депортирани во логорот на смртта во Треблинка, во Полска. Претседателот Пендаровски им оддаде почит и на сите останати жртви, коишто во периодот од 1941-ва до 1945-тата година биле немилосрдно измачувани, а потоа и убиени.

По повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц, во рамки на конференцијата во Ерусалим, двајца преживеани од Холокаустот го запалија меморијалниот факел.

Прочитај повеќе

Македонија

1.100 случаи со заболувања на грип, оваа недела

Виолета | Media Press

Објавено

N

Расте бројот на заболени од грип.  Институтот за јавно здравје информира дека во текот на оваа недела пријавени се 1.100 случаи со заболувања на грип, што е зголемување за 88,7% во споредба со минатата недела, кога беа регистрирани 583 случаи. Со тоа оваа сезона бројот на болни се искачи на 2.718 заразени, а споредено со истиот период лани тоа е двојно зголемување.

Како што информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување пик на сезоната на грип во текот на следните недели.

Во лабораторијата за вируси на ИЈЗ, пристигнале 40 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 20 (50 отсто) биле позитивни за присуство на вирусот .

Најголем број случаи и тоа 689 лица се пријавени во најголемата возрасната група – лица од 15 до 64 години, додека засега најмалку се заболени децата на возраст до четири години. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица -218 заболени од грип.

Лекарите препорачуваат да се избегнуваат простории каде што има присуство на повеќе лица, да се носи топла облека, шал, капа, и ракавици, да се одржува лична хигиена и без потреба да не се излегува надвор, ова посебно се однесува за хронично болните и повозрасни лица.

Прочитај повеќе