Connect with us

Струмица

Информирање на потенцијалните баратели, за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

Виолета | Media Press

Објавено

N

Денеска  во Домот на АРМ во Струмица  ќе се одржи работилница во склоп на инфо-деновите, за поголемо информирање на земјоделците,

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, ќе присуствуваат на работилницата во склоп на инфо-деновите коишто се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата 2014-2020. Работилнициата ќе започне со почеток во 11:30 часот, информираат од МЗШВ

Струмица

Избран најдобриот спортист на Струмица за минатата година

Виолета | Media Press

Објавено

N

Во организација на Општинскиот сојуз за училишен спорт, а под покровителство на општина Струмица викендот се одржа традиционалната манифестација-Избор на спортист на општина Струмица за 2019 година.
Одбојкарот Ристо Николов од екипата на Џио Струмица и член на македонската одбојкарска репрезентација е избран за најдобар спортист на Струмица за минатата година.
За најдобар тренер е прогласен стратегот на фудбалерите на Академија Пандев, Југослав Тренчовски, а најдобра екипа е актуелниот одбојкарски шампион и освојувач на купот-екипата на Џио Струмица.

Прогласени беа и најдобри спортисти, тренери, спортски работници и екипи во различни спортови и категории.

Прочитај повеќе

Струмица

Прегазени двајца пешаци во Струмица, возачот избегал

Виолета | Media Press

Објавено

N

Вчера околу  14.30 часот на крстосница од булевар „Маршал Тито’’ и улица „Ленинова’’ во Струмица, возило удрило во пешаците М.Б.(61) од Радовиш и В.А.(57) од Струмица, по што го напуштило местото. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила В.А од Струмица а со  полесни   телесни повреди се здобил пешакот од Радовиш.

По несреќата двете лица  биле пренесени во болницата во Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Босилово

Марија Брзакова од Босилово веќе три дена е исчезната, ја бара и полицијата

Виолета | Media Press

Објавено

N

На 20.01.2020 во 15.20 часот во Полициска станица Струмица Б.Б.(29) од село Босилово пријавил дека од нивниот семеен дом во с.Босилово се оддалечила неговата сопруга М.Б.(28).

Станува збор за Марија Брзакова од Босилово, на возраст 28 години која излегла од дома на 18.01 2020 година во утринските часови облечена во тренерки и отогаш не се појавила.

 Полициска станица Струмица презема мерки за пронаоѓање на лицето

Прочитај повеќе