Connect with us

Босилово

Едукација на земјоделците од Општина Босилово за Агрометеоролошките станици, за заштита на земјоделските култури и животната средина

Виолета | Media Press

Објавено

N

Во рамките на проектот „ Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина “ Центарот за развој на Југоисточниот плански регион организира информативни денови за користење на нови методи во земјоделството и подигање на свеста на земјоделските производители за прекуумерното третирање на почвата.

Во рамките на проектот поставени се 23 Агрометеоролошки станици во сите општини од Југоисточниот регион кои ќе овозможат брз и современ начин за добивање на потребните податоци со цел да се извршуваат соодветни мерки за управување со земјоделските култури, а истовремено и заштита на животната средина преку намалување на процентот на третирање на почвата.

На територијата на општина Босилово се монтирани две метео-станици.

За таа цел во информативно-едукативен центар во Општина Босилово денеска  ќе се одржат информативни денови за сите земјоделски производители и заинтересирани страни да земат учество и да се информираат за начинот на добивање на бесплатни временски информации (влажност и температура на воздух, правец и брзина на ветер, сончева радијација, влажност и температура на почва, влажност на лист и прогноза на болести).

Проектот го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Босилово

Наскоро нова детска градинка и во општина Босилово

Виолета | Media Press

Објавено

N

Во тек е изградбта на првата детска градинка во Босилово.По  извршениот увид на објектот во изградба, Детска градинка, градоначалникот Зоран Зимбаков информира дека, градежните работи на објектот се во фаза на карабина и се одвиват со планираната динамика.
Инаку, овој современ објект ќе биде со капацитет од 60 до 80 дечиња. Се очекува да биде завршен до крајот од месец Март оваа година.

Инаку оваа градинка е прва во Босилово, во која за најмалите ќе бидат обезбедени модерни и современи услови, информира Општина Босилово.

Прочитај повеќе

Босилово

Марија Брзакова од Босилово веќе три дена е исчезната, ја бара и полицијата

Виолета | Media Press

Објавено

N

На 20.01.2020 во 15.20 часот во Полициска станица Струмица Б.Б.(29) од село Босилово пријавил дека од нивниот семеен дом во с.Босилово се оддалечила неговата сопруга М.Б.(28).

Станува збор за Марија Брзакова од Босилово, на возраст 28 години која излегла од дома на 18.01 2020 година во утринските часови облечена во тренерки и отогаш не се појавила.

 Полициска станица Струмица презема мерки за пронаоѓање на лицето

Прочитај повеќе

Босилово

Дополнителниот технички министер за земјоделие Цветан Трипуновски ги посети земјоделците од струмичкиот регион

Виолета | Media Press

Објавено

N

Дополнителниот технички министер за земјоделие Цветан Трипуновски  при посетата на струмичкиот регион во разговор со земјоделците добил информација дека се касни со исплатата на државните субвенции,и  исплатата на земјоделските производи.

Трипуновски го посети село Сарај, општина Босилово, и село Сушица, општина Ново Село. Внимателно ги слушав и им дадов ветување дека како дополнителен заменик министер ќе дадам се од себе да ги решам проблемите на земјоделците, бидјеќи цврсто сум убеден дека силен земјоделец значи силна држава, додава Трипувовски.

Прочитај повеќе