Connect with us

Македонија

Димковски: Околу 80 отсто од откупот на тутун е завршен, постигната највисока просечна откупна цена во последните шест години

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски,  денеска беше  во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп и на откупниот пункт во с. Мало Коњари, прилепско.

Министерот Димковски посочи дека околу 80 отсто од планираниот откуп на тутун е веќе завршен, а засега е постигната највисока просечна откупна цена во псоледните шест години.

„До денеска,  се откупени 20 милиони килограми тутун, и е постигната просечна откупна цена од 222,5 денари за килограм. Или вредноста на откупениот тутун е близу 4,3 милијарди денари, од коишто  4,1 милијарда е веќе исплатено од страна на претпријатијата кон тутунопроизводителите. Ова е една доста висока просечна откупна цена. За споредба, во 2018-та година просечната откупна цена беше 214,2 денари за килограм, во  2017-та беше 217, 5 денари за килограм. Ако ги споредиме и претходните години, 2014-та просечната откупна цена била околу 118 денари, а во  2015-та година просечната откупна цена била 185 денари. Очекуваме оваа цена да биде задржана до крајот на откупот“, изјави министерот Димковски.

Договорената количина за откуп од реколатата 2019-та е околу 26 милиони килограми. Досега, околу 30 отсто од откупената количина на тутун е прва класа. 

Министерот Димковски, посочи дека од оваа година според новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, се укинуваат евидентните листови, со што драстично ќе се олеснат административните процедедури за тутунопроизводителите, односно договорите ќе ги склучуваат директно со откупните претпријатија.

Со цел стимулирање на квалитетот, со новиот модел за зголемени субвенции што го воведе Владата на Република Северна Македонија, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. На овој начин се мотивираа тутунопроизводителите да произведуваат квалитетен тутун за да постигнат и повисока откупна цена информираат од ресорното министерство.   

Избори 2020

Заклучен избирачкиот список, право на глас ќе имаат 1.814.263 гласачи

Виолета | Media Press

Published

on

 Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат 1.814.263 гласачи

Во Избирачкиот список се содржани и лицата кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години, како и сите наши државјани кои доколку допатуваат во земјата на денот на гласање ќе можат да гласаат. Гласањето ќе може да го остварат само оние лица со важечки лична карта или пасош. Најмногу гласачи има во Куманово, над 90 илјади а најмалку во општина Конче околу 2700.

На 13 јули гласаат лицата позитивни на Ковид-19, а на 14 јули болните, немоќните и хронично болните, кои за гласање можат да достават барање до ОИК најдоцна до 8 јули на полноќ. Позитивните на Ковид-19 тоа треба да го направат со полномошник.

Во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки списоци се запишани 83.054 гласачи. Во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.

На 90 избирачки места во нашата држава има помалку од 10 гласачи и според Избирнот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место.

Continue Reading

Економија

Од денеска можат да се поплнуват барањата за поддршка на плата за месец јуни

Виолета | Media Press

Published

on

Работодавачите и самостојните вршители на дејност од денеска можат да ги пополнуваат барањата за поддршка од Владата за месец јуни кој е поставен на системот е-даноци и ЕПДД на УЈП.

Согласно  измените и дополнувањето на Уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година.

„За таа цел УЈП ги изготви и постави на системот е-Даноци  Образецот -БФП-ИП/1 со кои се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за компании, и  го изготви и постави на системот Е-ПДД – Образецот БФС-СВД/1 со кое се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за самостојните вршители на дејност“, соопшти УЈП.

Според податоците на УЈП  мерката за финансиска поддршка во месец април  ја користеле вкупно 19.696 работодавачи,  односно 5.707 самостојни вршители на дејност, додека во мај истата мерка ја користеле вкупно 19.730 работодавачи, односно 5.814 самостојни вршители на дејност .

Continue Reading

Македонија

Нови 126 случаи со Ковид-19, 48 оздравени пациенти и четворица починати

Александар | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 66 и Тетово – 19, а во останати градови состојбата е ваква: Куманово 6, Штип 15, Прилеп 3, Струга 2, Велес 2, Битола 1, Кавадарци 4, Гостивар 2, Пробиштип 2, Свети Николе 1 и Ресен 3.

Направените 1140 теста се преку: ИЈЗ –489, Авицена –106, Биотек –110, МАНУ -115, Клиника „Жан Митрев“ -180,  Систина  со PCR метода -120, ЦЈЗ Битола-20. Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти: Скопје 43, Штип 1, Битола 1, Ресен 3

Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

Во изминативе 24 часа на Инфективната клиника се примени осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани се 92 пациенти од кои 43 пациенти се на кислородна поддршка. Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти, три деца позитивни и четири со појавени симптоми на Ковид-19. Во ГОБ „8 Септември“ се примени 18 нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 лицца. Во болницата во Битола се хоспитализирани 45.

Continue Reading