Connect with us

Радовиш

Меѓусебна пресметка помеѓу четири лица од 21 до 29 години од Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Објавено

N

На 04.01.2020 во 01.30 часот било пријавено дека во Радовиш, на ул.„Партизанска“, во близина на угостителски објект, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.С.(24) од Радовиш и Р.С.(29) од с.Злеово, радовишко, од една страна и М.Т.(21) и Б.Т.(23) двајцата од с.Ораовица од друга страна.

Се работи на расчистување на случајот, информира СВР Струмица.

Радовиш

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, викендот се сретна со младите од СДММ Радовиш

Виолета | Media Press

Објавено

N

На средбата претседателот Заев потенцираше дека официјалните мерки и спроведените реформи се доказ дека СДСМ во изминатите 2 и пол години покажа дека верува во младите и со нив гради партнерски однос.

-Го донесовме Законот за млади со кој за прв пат се дефинира категоријата на млади во државата, дефинирани се формите за младинско учество и инклузија во креирањето на политиките. Донесен е и Законот за младински додаток со кој на секој млад човек до 23 години вработен во производство ќе добива плус 3.000 денари додаток на плата, истакна претседателот Заев на средбата со младите во Радовиш.

Претседателот Заев се осврна и на намалувањето на невработеноста како главен фактор младите да останат во својата татковина.

-Во изминативе 2 и пол години вработени се околу 60.000 лица од кои 54 отсто се млади. Младинската невработеност која во 2016 изнесуваше 48.2 отсто денес изнесува 35 отсто, заклучи Заев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Градоначалникот Конзулов изврши прием на среќните момчиња кои го фатија светиот крст секој во своето насeлено место

Виолета | Media Press

Објавено

N

Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, денес одржа прием на лицата кои за празникот Богојавление – Водици ги фатија светите крстови во населените места во општина Радовиш, каде од страна на црковните храмови беше органзиран Богојавленски водосвет.

Посакувајќи им многу здравје, среќа, бериќет и успеси на секое поле, Градоначалникот на  среќните момчиња кои се фрлаа по светиот крст и го извадија од осветената вода им подари таблет. Раде Ефтимов  беше среќното момче кое го фати крстот во Раклиш. Потоа Васе Василев во Ораовица,  Христијан Коцев во Подареш, Филип Митев  во Јаргулица,  Мите Темчев  во Покрајчево, Кристијан Ефремов во Злеово и  Филип Митев успеа да го фати светиот крст во Калугерица.

Инаку подарокот (ЛЦД Телевизор) за лицето Стојанче Вучковски, кое го фати крстот во Радовиш, беше доделен на самиот настан на Богојавление -Водици на 19.01.2020 година кога се фрли и го извади од осветените води во базенот на Спортско рекреативниот центар Шампион во Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Четврта година по ред стипендија Солвеј, за беплатен курс по англиски јазик за талентирани ученици

Виолета | Media Press

Објавено

N

Од вчера започнаа часовите за бесплатниот четиримесечен курс по англиски јазик за талентирани ученици,  финасиски подржан од  компанијата Солвеј преку Рудникот Бучим во Радовиш. Четврта година по ред компанијата Солвеј ја спроведува оваа стипендија преку која двајца најдобри ќе учествуват  на Музичкиот оперски камп во Салзбург, Австија каде ќе се претстават со своите таленти. Часовите ќе се одржуваат во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, а на првиот час присуствуваше и заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов.

 Николов им посака на учениците да не им биде приоритет патувањето во Салзбург туку да го научат англискиот јазик и да се дружат. Часовите ќе ги одржува професорката Катерина Сусинова,  заедно со онлајн  професорка  од Америка,  со што на 18-те ученици колку што се запишани годинава, ќе им помогнат да го доусовршат англискиот јазик.

 Компанијата Солвеј годинава ги прифати сите кандидати кои што се пријавија за бесплатно доусовршување на англаскиот јазик од кои 11 ученици доаѓаат од Општина Конче.

 Учениците се надеваат дека на овој курс ќе го доусовршат англискиот јазик а се надеваат дека ќе бидат избрани и за патување во Салзбург, кој се наоѓа во средниот дел на Австрија.

Салзбург е познат по барокниот стил, еден од најзачуваните во Средна Европа. Поради тоа, градското јадро претставува културно наследство заштитено од УНЕСКО. Исто така, познат е и како “град на класичната музика“, благодарение на Волфганг Амадеус Моцарт, кој се родил токму овде

Прочитај повеќе