Connect with us

Македонија

МТСП објави јавен повик-10,8 милиони евра на располагање на општините за подобрување и развој на социјални услуги

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за труд и социјална политика, ги повикува Општините коишто претходно на јавен повик изразија подготвеност да развиваат социјални услуги на локално ниво да се пријават на јавниот повик за финасирање на проектот за развој на услугите. Крајниот рок за доставување на понудите е 30 април годинава до 16 часот, стои во известувањето од Министерството за труд и социјална политика.

Една од главните цели на Проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно со потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра, за период на имплементација од 5 години.

Приоритетни социјални услуги коишто ќе бидат финасирани се: услугите во домот-лична асистенција и помош и нега во домот, како и услугите во заедницата-дневни услуги/дневни центри и поддржано живеење.

На Општините коишто ќе изразат интерес за добивање грант за развој на социјални услуги, ќе им се обезбеди директна поддршка за подготовка на документите за апликација, вклучувајќи ги и предлог-проектите од страна на компанија ангажирана за таа цел во рамките Проектот, како  и поддршка од страна на лицата ангажирани во рамките на проектната единица.Повеќе информации и формуларот за аплицирање ги има на следниот линк: http://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-123javen-povik-do-opshtinite-i-opshtinite-vo-gradot-skopje-vo-republika-severna-makedonija-da-izraza.nspx .

Македонија

Одржана првата седница на новиот парламантарен состав

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска на правата седница на новиот  парламантарен состав се верифицираа мандатите на пратениците.

 Со 116 гласови – ЗА, граѓаните го добија десеттиот парламентарен состав  со новите 120 пратеници.

Седницата се одржа под посебни здравствени протоколи. За прв пат на врвот на собраниската зграда, во Куполата каде што има услови да се почитуваат корона-мерките. Со седницата претседаваше Талат Џафери.

Изборот за прeтседател, заменик претседател и членовите на Комисијата за прашања за избори и именувања, како и изборот на претседател на Собранието ќе се случат кога ќе се создаде мнозинство  од 61 пратеник за формирање на новата влада. Во новиот пратенички состав има 77 мажи и 44 жени. Граѓаните на Радовиш ќе ги застапуваат двајца пратеници Коле Чаракчиев од СДСМ и коалицијата и Здравко Трајанов од ВМРО – ДПМНЕ и колацијата, кои денеска за пра пат влегоа во собраниската сала.

Continue Reading

Здравје

Направени се 830 тестирања, 75 нови случаи на Ковид -19, 5 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа во Македонија се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19, соопшти министерството за здравство преку Фејсбук. Најмногу новозаболени по градови има повторно во Скопје 32. Потоа во Куманово 4, Штип 5, Тетово 7, Кавадарци 8, Гостивар 8, Струмица 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 2, Виница 1, Свети Николе 1, Кичево 2 и Неготино 1.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје, два пациенти од Куманово, пациент од Гостивар и пациент од Охрид.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти.

Досега во Македонија се направени вкупно 106877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од:

-Скопје 50
-Куманово 16
-Прилеп 2
-Тетово 5
-Струга 28
-Охрид 18
-Гостивар 2
-Крушево 1
-Кочани 1
-Македонски Брод 1
-Кратово 1
-Свети Николе 10
-Кичево 1

Continue Reading

Култура

Претседателот Пендаровски ќе го отвори јубилејното 60-то издание на Охридско лето

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва – 4 август 2020 година, вторник, ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.

Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето“, традиционално, се одржува под покровителство на Претседателот на државата.
Јубилејното 60-то издание на “Охридско лето” годинава првпат од основањето на Фестивалот ќе се одржува во термин различен од вообичаениот и согласно условите наметнати од епидемијата на коронавирусот.

Continue Reading