Connect with us

Василево

Со убава желба и позитивна мисла да зачекориме во новата 2020 година, рече градоначалникот Јаневски

Виолета | Media Press

Published

on

Со многу надеж, планови и очекувања ја дочекуваме новата година, искрено и од срце ви посакувам, исполнување на сите ваши желби и поставени цели, рече градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев, во своето обраќање по повод Новогодишните и Божиќните празници.

Со убава желба и позитивна мисла да зачекориме во новата 2020 година,  рече Јаневски.

Василево

Силен пожар вчера попладне избувна во близина на населеното место Едрениково, Општина Василево

Виолета | Media Press

Published

on

Вчера во попладневните часови , кај Ташли Баир, во близина на населеното место Едрениково на неколку места избувна пожар, кој и покрај напорите на противпожарните екипи кои цело време беа на терен не можеа да го стават под контрола и се рашири кон атарот на Владевци.

„Гори сувата трева и нискостеблестата шума над населеното место Владевци кон атарот на Струмичко Поле. Пред извесно време огнот беше префрлен кај магистралниот патен правец Струмица – Радовиш во непосредна близина на населеното место Владевци, па за регулирње на сообраќајот беше вклучена и полицијата“ информира градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев.

 „Во овој специфичен момент како градоначалник на општина Василево кој цело време бев заедно со ТППЕ Струмица, единствено ќе кажам дека штетите од несовесното однесување на поединци ќе ги трпиме сите. Јавната осуда за овој чин не е доволна и затоа ќе инсистирам на целосно расчистување на случајот и соодветна казна за сторителите“, додава градоначалникот Јанев.

Тој упати апел до сите да се однесуваат крајно одговорно, бидејќи последиците можат да бидат несогледливи не само по имотите на граѓаните туку да бидат загрозени и човечки животи, нешто што никој не сака да се случи.

Continue Reading

Валандово

СВР Струмица поднесоа 77 кривични пријави, меѓу нив има и за 14 радовишани

Александар | Media Press

Published

on

СВР Струмица поднесе 77 кривични пријави против: Џ.Б.(56), А.М.(31), А.М.(38), М.Џ.(29), В.М.(24), А.Ф.(32), С.Ј.(19), М.Ш.(45), Ј.М.(41), Р.И.(37), Е.И.(36), С.А.(23), Б.Б.(21), Е.В.(53), Е.В.(20), К.Д.(16), сите 16 од Струмица.

По Шест лица од с.Банско и с.Василево, струмичко. Д.Ф.(24), Т.И.(39), Ѓ.С.(31), Д.Д.(29), А.А.(27), О.Р.(41), сите шест од с.Банско и С.И.(31), Т.А.(28), С.Ѓ.(31), С.Н.(21), Н.Н.(39), М.Х.(32), сите шест од с.Василево.

А.А.(23) од с.Старо Балдовци, струмичко, З.Ј.(43) од с.Просениково, струмичко, З.М.(47) од с.Радичево – Василево.

Од Радовиш кривични пријави добија 14 лица С.С.(22), А.Б.(25), Р.Ч.(68), Т.С.(40), О.О.(44), Ѓ.С.(43), Д.С.(41), Р.М.(32), С.П.(50), Е.А.(57), А.Ш.(28), Д.Б.(62), М.С.(30), Ц.С.(27).

Во Гевгелија има поднесено 31 кривична пријава Д.Т.(26), М.К.(45), С.М.(36), П.Т.(40), В.Ш.(49), Т.П.(23), Е.П.(29), Б.В.(46), Р.Ѓ.(38), С.С.(57), Е.Ѓ.(46), Б.Г.(67), М.Т.(58), Љ.Ј.(34), В.Т.(55), М.К.(50), А.Т.(29), Ѓ.Г.(40), Е.Д.(19), Л.А.(49), С.Д.(66), Р.Т.(67), З.Д.(54), И.А.(37), М.С.(46), М.С.(60), М.С.(48), Е.Ј.(45), К.П.(40), Ј.С.(39), Ж.Б.(19). и едно лице Т.И.(76) од Валандово

Сите кривични пријави се поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Continue Reading

Василево

Општина Василево донираше уште 200 хуманитарни пакети

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Василево и Општинскиот кризен штаб, поделија уште 200 пакети хуманитарна помош на семејства со социјален ризик, со што ја финализираа започната донација од 500 хуманитарни пакети – донација од семејството Заеви, која се одвиваше со посредство на Здружението за хуманитарни цели „Сите заедно можеме“.
„Како локална самоуправа и Општински кризен штаб, наша обврска е постојано, а особено во вакви кризни состојби, како што е моменталната предизвикана од Коронавирусот COVID – 19, да им помагаме на нашите сограѓани кои се посебно погодени, за да можат полесно да се справат со егзистенцијалните проблеми. Благодарни сме за донацијата од семејството Заеви со која директно помогнавме на 500 семејства, покажувајќи им дека и во вакви тешки моменти не се сами. Сметам дека ова е пред се наша човечка должност и апелирам до сите кои се во можност да помогнат онаму каде што е најпотребно.“, изјави првиот човек на општина Василево и Општинскиот кризен штаб, градоначалникот Марјан Јанев.

Continue Reading