Connect with us

Струмица

Новогодишно обраќање на градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски

Виолета | Media Press

Published

on

 Секој од нас има свој живот, свои желби, свои соништа и  свои цели но сите заедно  имаме нешто заедничко, заедничка ни е општина Струмица,  во која живееме , работима,  растеме деца, и споделуваме. Заеднички е и нашиот стремеж таа наша општина да биде достојно место за живеење,  рече градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски во своето обраќање по повод  Новогодишните празници. Секој крај е најава за нов почеток. Нека ви е среќна и бериќетна новата 2020 година, посака Јаневкси.

Струмица

Габровските водопади во струмичко добиваат нов лик, интензивно се гради и новата градинка во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

Започнатите проекти согласно програмите на општина Струмица за оваа година, се реализираат според планираната динамика, информираат од општината.

Просторот околу Габровските водопади веќе добива нов лик со активностите кои се во полн ек од дополнителното уредување кое започна на почетокот од овој месец.

Ова уредување опфаќа проширување на патеката до третиот водопад, изведба на два моста, платформа и уредување на летниковците со маси и клупи.

 „Овозможуваме уште една прекрасна дестинација за љубителите на природата“, велат од општината.

Исто така и новата градинка на просторот во поранешната касарна се гради според планираната динамика.

Според градоначалникот Коста Јаневски, оваа градинка се гради по најсовремени стандарди, a ќе бидат згрижени 300 дечиња од предучилишна возраст.

Во тек се градежните активности на катот од објектот со вкупна корисна површина од 2.653 метри квадратни.

Continue Reading

Радовиш

Казнети по 11 лица во Радовиш и Струмица за неносење лична заштита

Александар | Media Press

Published

on

Министерството за Внатрешни Работи известува дека за 24 часа на територијата на Македонија мерката за носење лична заштита не ја почитувале 285 лица.

На ниво на СВР Струмица мерката не ја почитувале 31 лице, од кои во Радовиш и Струмица по 11 лица, шест во Гевгелија и три во Валандово.

За сите евидентирани лица кои не се придржувале до протоколите ќе следуваат соодветни мерки

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел  справување со Ковид -19.  

Continue Reading

Регион

Струмичката полиција во два наврати спречила криумчарење на мигранти

Александар | Media Press

Published

on

Според соопштението на МВР, полициски службеници од СВР Струмица спречиле криумчарење на мигранти во непосредна близина на „Раборска крстосница“, струмичко.

Во раните утрински часови вчера, при обид за бегство после запирањето на возилото е уапсен Б.И. кој управувал со возило со кичевски регистарски ознаки. Во возилото биле пронајдени 39 лица мигранти од кои 35 биле од Сирија и четири лица од Ирак.

Истиот ден во попладневните часови, полицајци од СВР Струмица е лишен од слобода Д.Х. од Велес кој управувал со товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички. Во возилото биле Пронајдени 50 мигранти, 33 од Бангладеш, 15 од Пакистан и две лица од Авганистан.

Увид на местата каде што се пронајдени мигранти извршиле екипи на Регонален центар за гранични работи и СВР Струмица.

По целосно документирање на случајот, против возачите ќе биде поднесени пријави поради постоење основи на сомнение дека сторле кривично дело „криумчарење на мигранти “.

Continue Reading