Connect with us

Радовиш

Традиционална новогодишна посета на Здравствениот Дом, од страна на градоначалникот на Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Во пресрет на новогодишната ноќ, градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов придружуван од секретарот Драги Стојанов го посетија Здравствениот дом и службата за Итна медицинска помош во Радовиш.

Притоа градоначалникот се информираше за подготвеноста на  службата за време на празничните денови посебно за новогодишната ноќ.

Традиционално службите кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните за време на новогодишните празници добиваат подароци од Општината.

За подобрување на условите за вработените во Итната медицинска помош како и за пациентите, градоначалникот подари клима уред.

Директорката на здравствениот дом д-р Лимонка Илиевска се заблагодари за ваквата донација од општината  но и за донацијата за потребите на очното оделение во Радовиш

Д-р Катерина Јакимова, Димитров од Итната медицинска помош апелираше до граѓаните да не претеруваат со алкохолот и храната во текот на Новогодишната ноќ.

Радовиш

За околу два часа се случиле две сообраќајни незгоди на патот Радовиш-Штип

Александар | Media Press

Published

on

znak-policija

Вечерва околу 21:30 часот на патот Штип – Радовиш кај селото Љуботен од засега непознати причини се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три возила. Според првичните неофицијални информации, во оваа несреќа има едно починато и повеќе повредени лица кои со помош на пожарникарите биле вадени од возилата кои учествувале во несреќата.

По нешто повеќе од два часа претходно, околу 19:00 часот во близина на селото Лакавица на истиот патен правец се случила и друга сообраќајна незгода во која учествувале две возила. Биле повредени 13 лица од кои 11 се мигранти и две лица се македонски државјани. Двете возила излетале од патот, при што возачот на возилото со мигранти побегнал од местото на несреќата.

Повеќе детали за овие несреќи ќе добиеме во текот на денот

Continue Reading

Радовиш

Уште 3 нови позитивни случаи на Ковид-19 во Радовиш

Александар | Media Press

Published

on

По вчерашниот еден новозаболен со вирусот Ковид-19, за 24 часа по направените 991 тестирања во Радовиш има уште три нови случаи на позитивни лица од Ковид-19. Бројот на активни случаи во Радовиш се зголеми на четири лица. На ниво на држава има 136 Нови заболени:

Скопје 46, Куманово 6, Дебар 7, Штип 14, Прилеп 1, Тетово 12, Струга 9, Велес 1, Охрид 2, Гостивар 13, Струмица 2, Радовиш 3, Крушево 2, Кочани 1, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Кратово 1, Свети Николе 5, Кичево 4, Ресен 4

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и еден од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од најмногу од Скопје 77 лица, од Тетово 15 и од Штип 7.

Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8111, бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526

Continue Reading

Радовиш

По два месеци нов случај на Ковид -19 во Радовиш, 2 нови случаи и во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

Од изработените 1545 тестови за 24 часа  денеска 199 со позитивен наод.  По речеи два месеци се појави нов случај и во Радовиш. Од 02 мај кога  на веќе регистрираните 4 лица, тестовите беа негативни, до денеска  немаше регистрирано нов случај.

 Од вкупно регистрираните  199, само во Скопје има 90 нови случаи. По него следува Свети Николе во кое, како ново КОВИД жариште во земјава изминатово деноноќие се заразиле уште 24 лица. Двоцифрена бројка има и во Куманово, Тетово и Струга. Во уште 14 други градови бројот на нови заболени е под 10.

199 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

Скопје-90,Свети Николе-24, Куманово-17, Тетово-12, Струга-12, Штип-9, Дебар-6, Гостивар-5, Охрид-4, Прилеп-3, Пробиштип-3, Кичево-3, Битола-2, Кавадарци-2,Струмица-2, Ресен-2,   Радовиш-1, Крушево-1, Демир Хисар-1.

Изминатите 24 часа 120 пациенти се оздравени од ковид 19

Починати се 8 лица,четири пациенти од Тетово, двајца од Струга и по еден од Скопје и Штип. Тројца од нив, меѓу кои и 24-годишникот починале на Инфективна. Вкупната бројка скокна на 376.

Во моментов 3519 лица се заразени од корона вирусот. Над 1800 од нив се во Скопје. Поради новонастанатиот кластер во Свети Николе бројката на активни случаи сега е троцифрена и изнесува 105. Во уште шест други градови бројот на моментално КОВИД позитивни се движи од 131 до 323.

Состојбата со хоспитализацијата на нови пациенти во болниците стабилна. На Инфективната клиника се примени 6 нови. Таму вкупно се лекуваат 87 пациенти. Од 96-те пациенти во „8 Септември“, 14 се новопримени. Во болницата во Козле се лекуваат 21 возрасен пациент, три дечиња со утврдено присуство на вирусот, а четири деца во болницата се со мајки кои чекаат резултати од тестирањата.

Continue Reading

Copyright © 2019 Media Press | Сите права се заштитени | Не е дозволено копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.