Connect with us

Валандово

Ќе се гради нова детска градинка во Јосифово, одржана јавна расправа

Виолета | Media Press

Објавено

N

Во Општина Валандово,  се одржа јавна расправа за активностите кои следуваат при изградба на нова детска градинка во Јосифово и за документот “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка”.

Проектот за новата детска градинка во Јосифово, е во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги (ППСУ Проект), кој се реализира од Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел зголемување на капацитетите за сместување на деца од предшколска возраст.

Градинката, ќе биде нов и современ објект, енергетско ефикасен, изграден по сите европски стандарди за објекти од ваков тип. Капацитетот на истата, ќе биде за 60 деца. Реализација на проектот ќе започне во текот на 2020 година, информира Општина Валандово.

Валандово

Откупот на зимската зелка ќе продолжи непречено да се одвива, порача Димковски од Валандово

Виолета | Media Press

Објавено

N

Земјоделците од Општина Валандово, денеска остварија средба со  министерот за земјоделие  Трајан Димковски и директорот на Платежна агенција Николче Бабовски. Заедно со градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов, тие посетија два откупни пункта, едниот во  с. Балинци и  и другиот во с. Брајковци.

 На овие пунктови тече откупот на зимската зелка, земјоделски производ кој е карактеристичен за овој регион бидејќи климатските услови се поволни и овде зелката најубаво успева. Министерот во директна комуникација со земјоделците се информираше за текот на откупот на зимската зелка и им порача дека откупот ќе продолжи непречено да се одвива, а министерството ќе продолжи да креира развојни мерки и политики, кои секогаш се во интерс на земјоделците.
Во валандовското поле со зелка е засеана површина од околу 150 хектари и има просечен принос од 35 тони по хектар.

Прочитај повеќе

Валандово

Предновогодишен хуманитарен концерт “За Ана и Анастасија”

Виолета | Media Press

Објавено

N

Се одржа Предновогодишниот хуманитарен концерт “За Ана и Анастасија” во салата “Јанко Узунов”, при Домот на култура “25 Мај” – во Валандово.

На концертот сопствен настап имаа културно уметничките друштва и поединци од општина Валандово. На сцената се презентираше културниот производ и традицијата. Беше претставена, валандовската вредност и посебност, дополнително зацврстена преку мултиетничниот карактер на заедницата и фолклорот кој во Валандово се негува, со векови наназад.

Предновогодишниот концерт, беше од хуманитарен карактер. Собраните средства од продадени влезници се наменети  за малите Ана и Анастасија, на кои оваа помош им е неопходна.

Салата беше исполнета со музика, детска радост и многу насмевки. Валандовчани ја покажаа сопствената хуманост и повторно беа за пример. Валандово е заедница на солидарни граѓани со големи срца велат од Општина Валандово.

Прочитај повеќе

Валандово

Село Брајковци во валандовско ја доби првата детска градинка

Виолета | Media Press

Објавено

N

Градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваа на отворањето на нова детска градинка во село Брајковци, валандовско, објект под ЈОУДГ „Калинка”, во којашто ќе бидат опфатени деца на предучилишна возраст од 4 околни населени места. 

„Денеска навистина сум среќна што Брајковци коешто е рурално место ја доби првата детска градинка. Овој објект во којшто инвестиравме 10,3 милиони денари ќе значи многу за раниот детски развој во овој регион. Министерството за труд и социјална политика заедно со локалните самоуправи изминатиот период забразано работеа на подобрување на условите кадешто престојуваат дечињата. Продолжуваме посветено да инвестираме во детската заштита, а со тоа како Влада да вложуваме во иднината на секое дете и на нашата држава. За идната година во Буџетот издвоивме 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари во вкупно 43 градинки. Дополнително обезбедени се 15 милиони евра грант од Светска банка за изградба на детски градинки по најсовремени стандарди“, рече Царовска на отворањето на градинката во Брајковци.

– Градинката во Брајковци беше изградена годинава и претставува комплетно нов и модерен објект, кој ги исполнува сите неопходни стандарди за квалитетен образовен процес и обезбедува современи услови за згрижување и престој на 40 деца од Бојмискиот реон. Средствата за изградба на оваа детска градинка се обезбедени од МТСП, рече градоначалникот Перо Костадинов.

Министерката заедно со градоначалникот исто така беа на увид на градежните работи на централната детска градинка „Калинка” во Валандово која е во завршна фаза од реконструкцијата во енергетско ефикасен објект, а го посети и Дневниот центар за деца со попреченост.

„Дневните центри коишто изминатиот период ги отворивме низ цела држава значат многу во локaлната заедница затоа што тие помагаат во исполнувањето на одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, кои се однесуваат на правото на самостојно живеење, лична мобилност, пристап до образование, здравствена заштита, рехабилитација и вработување. Развојот на ваквиот вид услуги на локално ниво ги следат индивидуалните потреби на секое дете и лице со попреченост и на нивните семејства. Овие сервиси се мост до другите системи на поддршка. Само така, можеме да обезбедиме целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството“, рече Царовска.

Дневниот центар за деца со попреченост го посетуваат 9 дечиња на возраст од 3-14 години во 2 групи, а за нив се грижат неговател, дефектолог и наставник по одделенска настава.

Прочитај повеќе