Connect with us

Македонија

Сузбиена криминална група за шверц на хероин и кокаин, запленета дрога вредна милион евра

Виолета | Media Press

Објавено

N

 Во рамки на активностите за борба против недозволената трговија со дрога, во месеците ноември и  декември 2019 година  спроведена е меѓународна истрага со австриската и српската полиција  во која се  пресечени повеќе  меѓународни  канали  и запленети се  седумнаесеет  килограми наркотична дрога хероин и пет килограми наркотична дрога кокаин, кои на нелегалниот пазар достигнуваат вредност од  околу  1 000.000 евра . Притоа приведени се 12 лица.

Во ноември  2019 година од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во координација на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Србија и австриската полиција започната е меѓународна истрага за откривање на организирана криминална група составена од македонски државјани кои вршеле продажба и транспорт на наркотична дрога хероин во регионот и во земјите од Западна Европа.

Кај приведените лица  кои се дел од организираната криминална група, пронајдени се парични средства кои потекнувааат од продажба на наркотична дрога, наркотична дрога кокаин и вага, како и многу докази со кои се потврдува нивната инволвираност во вршењето на кривичното дело недозволена трговија со наркотични дроги. 

По целосно комплетирање на доказите против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информира МВР.

прикажи повеќе
Реклама

Македонија

Превентивни мерки против корона вирусот и на аеродромот во Скопје

Виолета | Media Press

Објавено

N

Од денеска превентивни мерки против корона вирусот кој предизвика глобална загриженост, ќе се спроведуваат на Меѓународниот аеродром Скопје. Со термална камера ќе се скенираат патниците на летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус. На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед на сомнителните патници.

Надлежните тврдат дека простор за паника од корона вирусот во земјава не постои, но Комисијата за заразни болести, сепак,  заклучила по препораките од Светската здравствена организација за ширењето на вирусот, кој има епицентар во Вухан, да бидат преземат превентивни мерки.

Здравствените работници појаснуваат дека станува збор за вирус со слични симптоми на грипот, може да помине со лесна, средна, но и со тешка форма, каде може да настапи и смрт. Засега нема вакцина против корона вирусот и затоа се препорачуваат мерки на превенција за заштита.

Прочитај повеќе

Македонија

Пендаровски учествуваше на Меѓународниот форум „Сеќавање на Холокаустот и борба против Антисемитизмот“

Виолета | Media Press

Објавено

N

Претседателот Стево Пендаровски вчера присуствуваше на форумот „Сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот“, којшто се одржа во Ерусалим, Израел.

Во известувањето од Прес Службата на претседателот се вели;

-На форумот, покрај претседателот и премиерот на Израел, Реувен Ривлин и Бенјамин Нетанјаху, се обратија и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, потпретседателот на САД Мајк Пенс, претседателите на Франција и на Германија, Емануел Макрон и Франк Валтер Штајнмаер, како и Неговото Височество, Принцот Чарлс. На конференцијата во Ерусалим зборуваа и Авнер Шалев, претседател на Јад Вашем, претседателот на советот на Јад Вашем, Рабинот Меир Лау и Моше Кантор, претседател на Фондацијата на Светскиот форум на Холокаустот.

Нагласувајќи дека ниту еден политичар или поединец повеќе не смее да дозволи да се случи ист или сличен настан како Холокаустот, говорниците и присутните им оддадоа почит на околу 6 милиони Евреи од целиот свет коишто беа убиени во Втората светска војна.

Положувајќи меморијален венец, претседателот Пендаровски им оддаде почит и на илјадниците убиени македонски Евреи кои беа депортирани во логорот на смртта во Треблинка, во Полска. Претседателот Пендаровски им оддаде почит и на сите останати жртви, коишто во периодот од 1941-ва до 1945-тата година биле немилосрдно измачувани, а потоа и убиени.

По повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц, во рамки на конференцијата во Ерусалим, двајца преживеани од Холокаустот го запалија меморијалниот факел.

Прочитај повеќе

Македонија

1.100 случаи со заболувања на грип, оваа недела

Виолета | Media Press

Објавено

N

Расте бројот на заболени од грип.  Институтот за јавно здравје информира дека во текот на оваа недела пријавени се 1.100 случаи со заболувања на грип, што е зголемување за 88,7% во споредба со минатата недела, кога беа регистрирани 583 случаи. Со тоа оваа сезона бројот на болни се искачи на 2.718 заразени, а споредено со истиот период лани тоа е двојно зголемување.

Како што информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување пик на сезоната на грип во текот на следните недели.

Во лабораторијата за вируси на ИЈЗ, пристигнале 40 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 20 (50 отсто) биле позитивни за присуство на вирусот .

Најголем број случаи и тоа 689 лица се пријавени во најголемата возрасната група – лица од 15 до 64 години, додека засега најмалку се заболени децата на возраст до четири години. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица -218 заболени од грип.

Лекарите препорачуваат да се избегнуваат простории каде што има присуство на повеќе лица, да се носи топла облека, шал, капа, и ракавици, да се одржува лична хигиена и без потреба да не се излегува надвор, ова посебно се однесува за хронично болните и повозрасни лица.

Прочитај повеќе