Радовиш
Игровни реквизити за забава на дечињата, донирани во трите градинки во Радовиш
Објавено на
Од
Media PressПовеќенаменски мултифунционални игровни реквизити се донирани во трите објекти на ДГ Ацо Караманов во Радовиш, од страна на Независната советничка листа при Советот на Општина Радовиш, предводена од советникот Горан Поцев. Директорката на градинката Љупка Тренчева се заблагодари за ваквата донација, која предизвика возбуда и радост кај дечињата.
Станува забор за три детски реквизити распоредени во трите објекити, во вредност од околу 70 илјади денари. Советникот Поцев кој денеска беше во посета на градинката, очекува дека овие големи и практични играчки ќе ја зголемат радоста на дечињата.
-Овие насмеани лица ме мотивираат уште повеќе да ги донирам и понатаму паричните средства од мене и од мојот тим и ова е доказ дека ги наменуваме вистински, односно за децата, истакна Поцев при посетата на градинката.
Тој во оваа прилика им ги честита Новогодишните и Божиќните празници на дечињата и на вработените во градинката како и на останатите граѓани.
Поврзани содржини

Адвокатско друштво Пепељугоски со донација за учениците од ООУ „Никола Карев“ -Радовиш, ПУ во Бучим, Парналија и Тополница

Донација од Општина Фрибург- Швајцарија за Општина Босилово во вредност од 78.000 франци

Советот одржа итна седница, Општина Радовиш ќе донира 500 илјади денари за помош на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Адора инженеринг донираше финансиски средства за настраданите во земјотресот во Турција и регионот

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов ја завршува оваа година со хумано дело

Новогодишни пакетчиња за дечињата во детските градинки во Радовиш од рудниците Бучим и Боров Дол
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

