Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници и
годинава корисницитете на Дневниот центар Порака од Радовиш не беа заборавени
од Градоначалникот Герасим Конзулов и од заменик генералниот директор на рудникот
Бучим Николајчо Николов. Денеска тие беа изненадени од посетата но и искрено се
израдуваа на новогодишните пакетчиња.
Раководителот Татјана Костадинова изрази
благодарност од името на дневниот центар за укажаното внимание.
Општина Радовиш годинава ќе подари 200 новогодишни
пакетчиња, дел од нив и за дневниот
центар Порака. Градоначалникот
Конзулов денеска им ѓи додели новогодишните
пакетчиња, со желби за многу здравје и среќа во новата 2020 година.
Рудникот Бучим во пресрет
на новогодишните празницитрадиционално обезбеди ноговодишни
пакетчиња за корисниците од Порака кои денеска беа
подарени.
Исто
така Рудникот Бучим обезбеди дваесет новогодишни пакетчиња и за децата од социјално загрозени семејства, кои денеска беа
доставени до ОО на Црвен крст во Радовиш, кој ќе ги достави до семејствата.
Рудникот Бучим во пресрет
на Новогодишните и
Божиќните празници обезбеди
ноговодишни пакетчиња за дечињата од Детска градинка Ацо Караманов, за Дом за згрижување на деца без родители “Емануел”, за Здружение на турците за хуманитарни и културни активности КУДРЕТ
ЈАШАМ ДЕРНЕЃИ, Радовиш, како и за вработените во Рудникот Бучим.