Connect with us

Конче

Откупот на тутунот во Општина Конче е во полн ек, откупувачите бараат покрај прва класа да се носи и тутун со послаб квалитет

Виолета | Media Press

Објавено

N

Откупувачите задоволни,  но поради високиот квалтитет на тутунот, кој поголемиот дел е прва класа, бараат од производителите при продавањето да носат и тутун од втора и трета класа.

Од Здружението на тутунопроизводители велат  дека годинава тутунот има висок квалитет и во просек ќе им дојде од 220 до 230 денари за килограм. И тие велат дека откупувачите тактизираат и не вршат откуп кога целиот тутун е прва класа.

Во општина Конче тутун откупуваат 8 откупни фирми. Главна дејност на населениот во општината е тутунопроизводството и во просек секое семејство произведува од два до четитри тони тутун.

Конче

Изградбата на првата спортска сала во Конче е во напредна фаза

Виолета | Media Press

Објавено

N

Речиси е готова монтажната конструкција на истата и се очекива најкасно до месец мај целосно да биде готова.

Овој проект беше еден од приоритетните проекти за кој вложивме голем труд за да успее, рече градоначалникот Илиев. Средствата од околу 400 илјади евра, се обезбедени од Светска Банка, преку Министерството за образование, а дел вложува  и општината.

Општина Конче претходно, а согласно склучениот договор со Министерството за образование и наука, го подготви теренот за изградба на  салата.

 Обврска на општината беше  порамнување и  подготовка теренот за поставување на темелната конструкција, обезбедување дотур на вода и сите други енергенси,  пристап  до објектот. Општината претходно, издаде и градежна дозвола за изградба на салата .

Спортската сала се гради во дворот на ООУ Гоце Делчев во Конче и   истата ќе биде на располагање за учениците  и за  останатите спортисти и спорстки клубови, како и за органзирање на спортски настани.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче ќе ја добие првата градинка, со современи услови за прифаќање и престој на дечињата

Виолета | Media Press

Објавено

N

По тој повод дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ,  денеска беше во посета и заедно со градоначалникот Благој Илиев, изврши  увид на завршните работи на новата градинка во Конче.

-“Јавната  установа за деца, “12 Јули” е првата градинка во оваа општина со капацитет за околу 50 деца. Ова го очекуваа граѓаните на Општина Конче со години, можеби триесетина години наназад“, рече градоначалникот Илиев, кој притоа се заблагодари на Министерството за труд и социјална политика за подршката.

Станува збор за инвестиција вредна околу 70 илјади евра, а 5 илјади евра се донирани од Рудникот Бучим, за уредување и оградување на дворот на градинката,  додава градоначалникот Благој Илиев.  


“Продолжуваме со инвестициите бидејќи грижата за секое дете е врвен приоритет на оваа Влада. Градинките не се места само каде што се згрижуваат децата туку и место каде што го осознаваат светот и се воспитуваат. Од Буџетот на државата се издвоени 105 милиони денари за реконстрикција, опремување и изградба на детски градинки, а изминатите две и пол години беа инвстирани над 180 милиони денари. Дополнително обезбедени се и дополнителни 15 милиони евра од Светска банка за изградба на градинки. Како Влада се грижиме и за кадарот што се грижи за нашите деца и само во последната година платите на воспитувачите се зголемени за 21% што е најголемо покачување до сега”, рече Шкријељ.

 
Шкријељ во Конче ја посети и општинската канцеларија за социјални работи којашто е една од педесетте канцеларии коишто функционираат низ целата држава.

 “Преку локалните канцеларии како Влада обезбедуваме еднаков пристап на сите граѓани до социјалните права и услуги. Во пракса тоа ќе значи дека жителите нема да треба да патуваат до Центарот за социјални работи во поголемите места за да поднесат барање за користење на социјална помош и да остварат друго право од системот за социјална заштита, туку аплицирањето ќе може да го направат во местото кадешто живеат”, изјави Шкријељ.

Прочитај повеќе

Конче

Димковски на средба со тутунопроизводителите во Конче, целокупното производство на тутун ќе биде откупено

Виолета | Media Press

Објавено

N

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на барање на тутунопроизводителите од Општина Конче, заедно со градоначалникот Благој Илиев, во петокот остварија средба, на која беше разговарано со тутунопроизводителите од овој регион по повод нивното незадоволство од текот на откупот на тутун од реколтата 2019 – та.

Иако досега откупот се одвивал без никакви проблеми и откупени се околу 70 отсто од тутунот, тутунопроизводителите се загрижени за остатокот на тутун кој сеуште не е откупен.

На состанокот присуствуваа и претставници на фирмите откупувачи како и претседателот на Сојузот на Здружението на тутунари.

Министерот Димковски, по средбата со тутунопроизводителите, посети еден од откупните пунктови во Конче.

Откупот продолжува и понатаму и нема место за загриженост бидејќи институциите и откупувачите ќе направат се што е во нивна моќ за тутунот да биде откупен во целост, согласно договорените количини, потенцира Димковски.

Прочитај повеќе