Македонија
Раста бројот на задовони граѓани од работата на полицијата
Објавено на
Од
Media Press
Бројот на задоволни граѓани од работата на полицијата е значително зголемен во однос на резултатите од 2017 година и изнесува 55 отсто, а целокупната доверба во полицијата е 53 отсто и тоа е зголемување од 7 отсто во однос на испитувањето во 2017 година кога изнесувала 46 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење за демократско полициско работење за 2019 година спроведено од aгенцијата Рејтинг, а за потребите на ОБСЕ, што денеска беа презентирани во Скопје.
Според ова истражување, што се спроведува на две години, осум од 10 испитаници се чувствуваат безбедно во соседството. Истражувањето е спроведено од 13 до 30 септември на 2600 испитаници со интервју „лице во лице“ во домот на испитаникот.
„Одговорноста на институцијата ја потврдуваме преку воспоставување стандарди и процедури за работа кои се во рамките на владеење на правото. Од друга страна, транспарентноста ја потврдуваме преку навремено и објективно информирање на граѓаните. Полицијата секојдневните задачи може максимално успешно да ги извршува само ако ужива доверба. Отсуството на легитимитет, значи отсуство на доверба, неприфатеност и отпор кон полицијата. Оттаму, за нас од извонредно значење е да ги следиме ставовите на граѓаните за работата на полицијата. Ние сакаме да ги слушнеме и да одговориме на она што ни го кажуваат луѓето, да работиме постојано на развивање на капацитетите за навремено идентификување на проблемите и изнаоѓање заеднички решенија на локалните проблеми.
Дозволете ми уште еднаш да ги истакнам заложбите за целосна посветеност на потребите на граѓаните. Оваа определба на Министерството за внатрешни работи се заснова на важечката правна рамка, како и на организациската структура на Министерството и посветеноста на МВР за развивање на транспаретна и услужна организација која во центарот ќе го постави човекот, човековите права и слободи и владеењето на правото како основен принцип на демократското полициско работење“, рече министерот Оливер Спасовски на денешната презентација на резултатите од ова истражување.
Поврзани содржини

Бурен викенд во регионот, пронајдена дрога, возење под дејство на алкохол, семејно насилство

Општина Василево започна со креирање на Буџетот за 2027 година, преку средби со граѓани

Жител од радовишко село физички го нападнал својот 74 годишен татко, полицијата го привела

Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција

Пријава за пожар на патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки

Со полициски пресретнувач санкциониран возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час на место каде дозволената брзина е 80 км на час, возилото е одземено

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

