Македонија
Претседателот Пендаровски на Регионалниот форум за добро владеење и борба против корупцијата
Објавено на
Од
Media PressПретседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Регионалниот форум за добро владеење и борба против корупцијата, кој е заеднички организиран од регионалната програма за антикорупција, финансиран од ЕУ и воден од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и проектот „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција“ поддржан од Проектот на УСАИД за Граѓанско учество, спроведуван од Транспаренси Интернешнл Македонија (ТИ-М).
На Форумот кој се одржува на тема:„Исполнување на ветувањето за проширување на ЕУ: 30 години добро управување и антикорупциски реформи во Централна и Источна Европа“, претседателот Пендаровски повика на соработка помеѓу институциите, невладиниот сектор, приватниот сектор, затоа што тоа е еден од успешните начини во справувањето со корупцијата, а транспарентноста и отчетноста се темели на доброто управување и владеење на правото.
„Со задоволство ја прифатив поканата да се обратам на овој форум за добро владеење и борбата против корупцијата. Пред неколку дена го одбележавме Меѓународниот ден за борба против корупцијата кога се потсетивме на стожерната Конвенција на Обединетите Нации која укажува на негативните последици од коруптивното однесување врз демократијата и врз владеењето на правото. Степенот на демократија во една држава примарно се мери со способноста на државата да овозможи доследно почитување и владеење на правото. Функционалната правна држава е основен предуслов за оддржлив развој на јавниот поредок.
Неспорно е дека ние постојано вршиме прилагодување на домашното право со правото на Европската унија која е наша стратешка цел. Но, она што е моја лична дилема, а верувам и на најголемиот дел од нашите граѓани е дали државните институции суштински или само формално ги имаат усвоено и ги следат европските вредности и принципи во оваа област.
Со години зборуваме за спроведени реформи во правосудството, за натамошно градење на ефикасен и правичен систем, како гарант за почитување на човековите права и слободи. Меѓутоа, довербата на граѓаните во судскиот систем е во постојана надолна линија. Речиси нема човек во нашата држава што не минал низ судските лавиринти и што не поседува лошо искуство барајќи ја правдата. А, кога граѓанинот ќе ја загуби вербата во правдата, тогаш ја загубил најсилната врска со државата.
Говориме за неселективно и независно судство, коешто професионално, правично и непристрасно ќе ги спроведува законите. Од друга страна, речиси секојдневно имаме судски случаи кои предизвикуваат сомнежи, дали во нашата држава правото важи еднакво за сите или можеби правото е сведено на политички инструмент, а правдата сè уште се повлекува пред моќта на моќните.
Долги години се бавам со прашањата од областа на безбедноста и слободно можам да кажам дека во изминатите 10-15 години во нашата држава високата корупција прерасна во една од најголемите безбедносни закани за иднината на земјата. Тука морам да го издвојам т.н. случај „Рекет“ кој дискредитираше голем дел од нашите напори и надежи за справување со криминалот и високата корупција. Лично, не очекував дека носители на толку важни и одговорни функции толку ќе потфрлат во даден момент. Овој случај останува да биде лакмус за правната држава, а со тоа и тест за отпорноста од политички влијанија на клучните институции.
Во оваа прилика сакам да нагласам дека искрената борба за правна држава подразбира да се истражуваат криминалите на претходната, но и криминалите на актуелната власт и секој кој се огрешил од законот, да добие соодветна казна. Истовремено е многу значајно да не се дозволи преку намерно застарување на предметите да се случи т.н. „скриена амнестија“ на сторителите на дела поврзани со високата корупција.
Во овој контекст, сметам дека е добро што се овозможи да постои континуитет и што предметите од поранешното Специјално јавно обвинителство беа преземени од редовното обвинителство. Не постои земја-членка на Европската унија, која не ни укажува дека мора до крај да го истражиме тој огромен скандал во кој имаше милиони снимки кои мораат да имаат разрешница, во спротивно не може да очекуваме да не третираат како сериозна држава. Факт е дека најпросперитетните држави во светот имаат најниско ниво на корупција. Очекувам во наредниот период тоа да биде најтешката задача со која системски и сериозно ќе се зафатиме откако ќе почнеме да преговараме со Европската унија.
За ефикасна борба против високата корупција нам ни е потребен и нов Закон за јавно обвинителство кој ќе ги задоволува највисоките европски стандарди, наместо преку непринципиелни политички договарања зад сцена да ја компромитираме борбата со високата корупција, рече меѓудругото претседателто Пендаровски во своето обраќање.
Поврзани содржини

Пендаровски: Нема предавање, се уште ништо не е одлучено, конечниот победник ќе се знае на 8 мај

Пендаровски од Радовиш: Мицкоски и Силјановска да се договорат што ќе прават со Преспанскиот договор

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вчера беше со жителите на општините Чашка и Свети Николе, а синоќа во Велес

Пендаровски од Карпош: Точно за еден месец од денеска започнува мојот втор мандат

Мицкоски: На дебата со Пендаровски ќе одам кога ќе биде претседател на СДСМ

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите седум кандидати било каде и под било какви услови, нека дојде и Мицкоски како осми шпицен кандидат

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

