-Најмногу акцент во двегодишното работење е дадено на локалната, патна инфраструктура,
вели градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев во својот отчет. Меѓудругото
како што вели секојдневно се залагал заедно со својот тим, за реализација на
проекти за подобро живот на сите граѓани.
Асфалтирани се улици во речиси секое
населено место а тековно сеуште се градат нови.
Јанев додаде дека
општината интервенирала и во уредувањето на
полските патишта во сите населени места. Во сверата на комунални
дејности, водоснабдување и третман на
отпадни води како и справување со отпадот, општината реализирала повеќе проекти .
Во соработка со
ЈП Турија е решен проблемот со квалитетот на водата за пиење, извршен е ремонт на водоводната линија во село Дукатино,
изграден е нов крак за фекална канализација во Пиперево, атмосверска
канализација во Градашорци и други прокети.
Градоначалникот Јанев во продлжение спомна
дека се набавени стотина контењери за
собриање на отпад и распоредени по
наслените места. Во тек е набавка на ново возило за собирање на смет од
сите населени места, а набавен е и нов ровокопач
за потребите на општината.
Ќе се реализира и
проект преку јавно- приватно партнерство по ЕСКО – модел, за реконструкција и одржување на уличното осветлување, со замена на обичните со лед светилки.
Градоначалникот
спомна дека е инвестирано и во областите спорт, образоавание и култура , детска
и социјална заштита, како реконструкција на домот на културата во Нова маала и
негова адаптација во спортска сала. Поставени се нови огради на дворовите во
училиштата, а ќе се гради и нова градинка
во Ангелци.