Connect with us

Василево

Отчет на градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев

Виолета | Media Press

Published

on

-Најмногу акцент  во двегодишното работење  е дадено на локалната, патна инфраструктура, вели градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев во својот отчет. Меѓудругото како што вели секојдневно се залагал заедно со својот тим, за реализација на проекти за подобро живот  на сите граѓани.  Асфалтирани се улици во речиси секое населено место а тековно сеуште се градат нови.

Јанев додаде дека општината интервенирала и во уредувањето  на  полските патишта во сите населени места. Во сверата на комунални дејности,  водоснабдување и третман на отпадни води како и справување со отпадот,  општината реализирала повеќе проекти .

Во соработка со ЈП Турија е решен проблемот со квалитетот на водата за пиење, извршен е  ремонт на водоводната линија во село Дукатино, изграден е нов крак за фекална канализација во Пиперево, атмосверска канализација во Градашорци и други прокети.

 Градоначалникот Јанев во продлжение спомна дека се набавени стотина  контењери за собриање на отпад  и распоредени по наслените места. Во тек е   набавка на ново возило за собирање на смет од сите населени места,  а набавен е и нов ровокопач за потребите на општината.

Ќе се реализира и проект  преку  јавно- приватно партнерство  по ЕСКО – модел,  за реконструкција и одржување на  уличното осветлување, со замена на обичните  со лед светилки.

Градоначалникот спомна дека е инвестирано и во областите спорт, образоавание и култура , детска и социјална заштита, како реконструкција на домот на културата во Нова маала и негова адаптација во спортска сала. Поставени се нови огради на дворовите во училиштата,  а ќе се гради и нова градинка во Ангелци.  

Василево

Силен пожар вчера попладне избувна во близина на населеното место Едрениково, Општина Василево

Виолета | Media Press

Published

on

Вчера во попладневните часови , кај Ташли Баир, во близина на населеното место Едрениково на неколку места избувна пожар, кој и покрај напорите на противпожарните екипи кои цело време беа на терен не можеа да го стават под контрола и се рашири кон атарот на Владевци.

„Гори сувата трева и нискостеблестата шума над населеното место Владевци кон атарот на Струмичко Поле. Пред извесно време огнот беше префрлен кај магистралниот патен правец Струмица – Радовиш во непосредна близина на населеното место Владевци, па за регулирње на сообраќајот беше вклучена и полицијата“ информира градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев.

 „Во овој специфичен момент како градоначалник на општина Василево кој цело време бев заедно со ТППЕ Струмица, единствено ќе кажам дека штетите од несовесното однесување на поединци ќе ги трпиме сите. Јавната осуда за овој чин не е доволна и затоа ќе инсистирам на целосно расчистување на случајот и соодветна казна за сторителите“, додава градоначалникот Јанев.

Тој упати апел до сите да се однесуваат крајно одговорно, бидејќи последиците можат да бидат несогледливи не само по имотите на граѓаните туку да бидат загрозени и човечки животи, нешто што никој не сака да се случи.

Continue Reading

Валандово

СВР Струмица поднесоа 77 кривични пријави, меѓу нив има и за 14 радовишани

Александар | Media Press

Published

on

СВР Струмица поднесе 77 кривични пријави против: Џ.Б.(56), А.М.(31), А.М.(38), М.Џ.(29), В.М.(24), А.Ф.(32), С.Ј.(19), М.Ш.(45), Ј.М.(41), Р.И.(37), Е.И.(36), С.А.(23), Б.Б.(21), Е.В.(53), Е.В.(20), К.Д.(16), сите 16 од Струмица.

По Шест лица од с.Банско и с.Василево, струмичко. Д.Ф.(24), Т.И.(39), Ѓ.С.(31), Д.Д.(29), А.А.(27), О.Р.(41), сите шест од с.Банско и С.И.(31), Т.А.(28), С.Ѓ.(31), С.Н.(21), Н.Н.(39), М.Х.(32), сите шест од с.Василево.

А.А.(23) од с.Старо Балдовци, струмичко, З.Ј.(43) од с.Просениково, струмичко, З.М.(47) од с.Радичево – Василево.

Од Радовиш кривични пријави добија 14 лица С.С.(22), А.Б.(25), Р.Ч.(68), Т.С.(40), О.О.(44), Ѓ.С.(43), Д.С.(41), Р.М.(32), С.П.(50), Е.А.(57), А.Ш.(28), Д.Б.(62), М.С.(30), Ц.С.(27).

Во Гевгелија има поднесено 31 кривична пријава Д.Т.(26), М.К.(45), С.М.(36), П.Т.(40), В.Ш.(49), Т.П.(23), Е.П.(29), Б.В.(46), Р.Ѓ.(38), С.С.(57), Е.Ѓ.(46), Б.Г.(67), М.Т.(58), Љ.Ј.(34), В.Т.(55), М.К.(50), А.Т.(29), Ѓ.Г.(40), Е.Д.(19), Л.А.(49), С.Д.(66), Р.Т.(67), З.Д.(54), И.А.(37), М.С.(46), М.С.(60), М.С.(48), Е.Ј.(45), К.П.(40), Ј.С.(39), Ж.Б.(19). и едно лице Т.И.(76) од Валандово

Сите кривични пријави се поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Continue Reading

Василево

Општина Василево донираше уште 200 хуманитарни пакети

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Василево и Општинскиот кризен штаб, поделија уште 200 пакети хуманитарна помош на семејства со социјален ризик, со што ја финализираа започната донација од 500 хуманитарни пакети – донација од семејството Заеви, која се одвиваше со посредство на Здружението за хуманитарни цели „Сите заедно можеме“.
„Како локална самоуправа и Општински кризен штаб, наша обврска е постојано, а особено во вакви кризни состојби, како што е моменталната предизвикана од Коронавирусот COVID – 19, да им помагаме на нашите сограѓани кои се посебно погодени, за да можат полесно да се справат со егзистенцијалните проблеми. Благодарни сме за донацијата од семејството Заеви со која директно помогнавме на 500 семејства, покажувајќи им дека и во вакви тешки моменти не се сами. Сметам дека ова е пред се наша човечка должност и апелирам до сите кои се во можност да помогнат онаму каде што е најпотребно.“, изјави првиот човек на општина Василево и Општинскиот кризен штаб, градоначалникот Марјан Јанев.

Continue Reading