Connect with us

Струмица

Општина Ново Село одбележа 23 години од конституирањето на општината

Виолета | Media Press

Published

on

По повод Ден на Општина Ново Село, 12-ти Декември, во салата за Совет беше одржана Свечена Седница на Советот.
Денот на општината се одбележува по повод одржување на првата конститутивна Седница на Советот на Општина Ново Село на  12 -ти декември 1996.

На Седницата се обратија Претседателката на Советот Валентина Попова и Градоначалникот на Општина Ново Село Никола Андонов кој во својот говор се осврна на постигнатото во изминатиот период и приоритетните проекти во иднина.

Исто така, на Свечената Седница како почестени гости беа присутни претходни градоначалници, претходни претседатели на Совет, директори на образовните и општинските институции, командирот на полициската станица во Ново Село, идруги поканети гости.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Општина Струмица одбележа 69 години од убиството на петте струмички студенти

Виолета | Media Press

Published

on

Со положување на свежо цвеќе Општина Струмица одбележа 69 години од убиството на петте струмички студенти: Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Борис Белев, Ѓорги Костуранов и Стево Топчев.

По тој повод, градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица, положија свежо цвеќе пред споменикот на Пеетте струмички студенти во малиот градски парк. Цвеќе положија и членови на семејствата на петтемина струмички студенти, како и претставници на политички партии.

Денешното чествување беше организирано од Општина Струмица, согласно безбедносните протоколи ипомина без вообичаениот говор за настанот од 13. август 1951 година.

Continue Reading

Струмица

Во центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, отворена 57-та Меѓународна струмичка ликовна колонија

Виолета | Media Press

Published

on

Градоначалникот Коста Јаневски, кој ја отвори 57-та Меѓународна струмичка ликовна колонија пред присутните порача:

-„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време – невреме кога пандемијата од Ковид – 19 влијае на расположението на граѓаните, група ликовни творци со својот креативен набој, ќе се обидат да го привлечат вниманието на јавноста и да дадат до знаење дека уметноста е посилна од се.
И еве сме на почетокот на 57. Меѓународна струмичка ликовна колонија, која од денес до 20. август, ќе го разубавува летното струмичко секојдневие. Оваа колонија како најстара и најсодржајна творечка манифестација, не само во земјава туку и на Балканот, е несомнено една од носечките содржини на културниот живот на Струмица, па и пошироко.
Поради пандемијата, годинава ќе изостанат учесниците од странство, но затоа пак честа на македонското ликовно творештво, ќе ја бранат 14 уметници од нашава земја, кои во услови на посебно пропишани протоколи, ќе остават свој творечки белег на колонијата. Но тоа не значи дека во целост е изгубен меѓународниот карактер на колонијата. Напротив, отворени се две изложби кои ја задржуваат таа интернационална нишка, а се поставени во двата изложбени простора на Центарот за култура „Антон Панов“, рече градоначалникот Јаневски.

57 то издание на колонијата во Струмица ќе трае до 20 ти август. Во тој  период се очекува да бидат создадени нови триесетина дела во скоро сите ликовни техники. Со нив дополнително да биде збогатен фондот на колонијата кој брои над 2560 дела создаденои од околу 1400 ликовни уметници.

На свеченото отворање присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Continue Reading

Струмица

Габровските водопади во струмичко добиваат нов лик, интензивно се гради и новата градинка во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

Започнатите проекти согласно програмите на општина Струмица за оваа година, се реализираат според планираната динамика, информираат од општината.

Просторот околу Габровските водопади веќе добива нов лик со активностите кои се во полн ек од дополнителното уредување кое започна на почетокот од овој месец.

Ова уредување опфаќа проширување на патеката до третиот водопад, изведба на два моста, платформа и уредување на летниковците со маси и клупи.

 „Овозможуваме уште една прекрасна дестинација за љубителите на природата“, велат од општината.

Исто така и новата градинка на просторот во поранешната касарна се гради според планираната динамика.

Според градоначалникот Коста Јаневски, оваа градинка се гради по најсовремени стандарди, a ќе бидат згрижени 300 дечиња од предучилишна возраст.

Во тек се градежните активности на катот од објектот со вкупна корисна површина од 2.653 метри квадратни.

Continue Reading