Connect with us

Валандово

Министерката Царовска денеска во посета на Општина Валандово

Виолета | Media Press

Објавено

N

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе оствари работна посета на Општина Валандово. Според предвидената агенда на настани, најпрво во  12:30 часот – е предвидено посета на Дневен центар, Валандово, заедно со претставници од Општина Валандово и градоначалникот Перо Костадинов.

Во13:00 часот – Посета на ново отворената дестка градинка во Брајковци која се наоѓа на центарот на населеното место, каде ќе има и изјава за медиумите.

Потоа во 13:40 часот –  Царовска ќе оствари посета на централна детска градинка „Калинка” во Валандово која е во завршна фаза од реконструкцијата во енергетско ефикасен објект (ул. „Никола Карев”, бр. 7, на влез во град Валандово)

14:30 часот министерката ќе присуствува на свеченото отворање на градинка во с. Куклиш, општина  Струмица.  

Валандово

Откупот на зимската зелка ќе продолжи непречено да се одвива, порача Димковски од Валандово

Виолета | Media Press

Објавено

N

Земјоделците од Општина Валандово, денеска остварија средба со  министерот за земјоделие  Трајан Димковски и директорот на Платежна агенција Николче Бабовски. Заедно со градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов, тие посетија два откупни пункта, едниот во  с. Балинци и  и другиот во с. Брајковци.

 На овие пунктови тече откупот на зимската зелка, земјоделски производ кој е карактеристичен за овој регион бидејќи климатските услови се поволни и овде зелката најубаво успева. Министерот во директна комуникација со земјоделците се информираше за текот на откупот на зимската зелка и им порача дека откупот ќе продолжи непречено да се одвива, а министерството ќе продолжи да креира развојни мерки и политики, кои секогаш се во интерс на земјоделците.
Во валандовското поле со зелка е засеана површина од околу 150 хектари и има просечен принос од 35 тони по хектар.

Прочитај повеќе

Валандово

Ќе се гради нова детска градинка во Јосифово, одржана јавна расправа

Виолета | Media Press

Објавено

N

Во Општина Валандово,  се одржа јавна расправа за активностите кои следуваат при изградба на нова детска градинка во Јосифово и за документот “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка”.

Проектот за новата детска градинка во Јосифово, е во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги (ППСУ Проект), кој се реализира од Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел зголемување на капацитетите за сместување на деца од предшколска возраст.

Градинката, ќе биде нов и современ објект, енергетско ефикасен, изграден по сите европски стандарди за објекти од ваков тип. Капацитетот на истата, ќе биде за 60 деца. Реализација на проектот ќе започне во текот на 2020 година, информира Општина Валандово.

Прочитај повеќе

Валандово

Предновогодишен хуманитарен концерт “За Ана и Анастасија”

Виолета | Media Press

Објавено

N

Се одржа Предновогодишниот хуманитарен концерт “За Ана и Анастасија” во салата “Јанко Узунов”, при Домот на култура “25 Мај” – во Валандово.

На концертот сопствен настап имаа културно уметничките друштва и поединци од општина Валандово. На сцената се презентираше културниот производ и традицијата. Беше претставена, валандовската вредност и посебност, дополнително зацврстена преку мултиетничниот карактер на заедницата и фолклорот кој во Валандово се негува, со векови наназад.

Предновогодишниот концерт, беше од хуманитарен карактер. Собраните средства од продадени влезници се наменети  за малите Ана и Анастасија, на кои оваа помош им е неопходна.

Салата беше исполнета со музика, детска радост и многу насмевки. Валандовчани ја покажаа сопствената хуманост и повторно беа за пример. Валандово е заедница на солидарни граѓани со големи срца велат од Општина Валандово.

Прочитај повеќе