Connect with us

Македонија

Сабота, 14 декември ќе биде работен ден за вработените во дел од државните институции

Виолета | Media Press

Објавено

N

Владата на својата 167 седница донесе одлука 14 декември, сабота, да биде работен ден за вработените во државните институции со тоа што ќе се спроведе акција за чистење на животната средина. Согласно одлуката, на 14 декември ќе се одработува  за 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.

Овој заклучок не се однесува за вработените во здравствените и образовните институции. Заклучокот се препорачува да го спроведат и единиците на локалните самоуправи, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, за кои 2 јануари беше неработен денинфпрмира владината Прес -служба.

Според одлуката на Владата во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина. За распоредот и локациите за спроведување на акцијата вработените во јавниот сектор дополнително ќе бидат известени од страна на раководните лица на институциите.

Македонија

1.100 случаи со заболувања на грип, оваа недела

Виолета | Media Press

Објавено

N

Расте бројот на заболени од грип.  Институтот за јавно здравје информира дека во текот на оваа недела пријавени се 1.100 случаи со заболувања на грип, што е зголемување за 88,7% во споредба со минатата недела, кога беа регистрирани 583 случаи. Со тоа оваа сезона бројот на болни се искачи на 2.718 заразени, а споредено со истиот период лани тоа е двојно зголемување.

Како што информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување пик на сезоната на грип во текот на следните недели.

Во лабораторијата за вируси на ИЈЗ, пристигнале 40 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 20 (50 отсто) биле позитивни за присуство на вирусот .

Најголем број случаи и тоа 689 лица се пријавени во најголемата возрасната група – лица од 15 до 64 години, додека засега најмалку се заболени децата на возраст до четири години. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица -218 заболени од грип.

Лекарите препорачуваат да се избегнуваат простории каде што има присуство на повеќе лица, да се носи топла облека, шал, капа, и ракавици, да се одржува лична хигиена и без потреба да не се излегува надвор, ова посебно се однесува за хронично болните и повозрасни лица.

Прочитај повеќе

Економија

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 25 787 денари

Виолета | Media Press

Објавено

N

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 105.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (9.5 %), Преработувачка индустрија (8.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8.2 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 25 787 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 106.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (11.2 %), Преработувачка индустрија (10.1 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (9.6 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 38 319 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

Поништена одлуката за разрешување на директорите на центрите за социјална заштита во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш

Виолета | Media Press

Објавено

N

Владата на својата редовна 4-та седница која се одржа во Штип, донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување на должност вршители на должност и именување на вршители на должност директори во јавните установи – меѓуопштински центри за социјална работа во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш.

Владата утврди дека одлуката на техничката министерка Рашела Мизрахи за разрешување и именување на в.д. директорите на центрите за социјална работа, е донесена спротивно на чл.46 став 2 од Законот за Влада: „Дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа“.

Со оглед дека целта за избор и на техничкиот министер и на дополнителниот заменик на министер е организација на изборите за пратеници во Собранието, сите правни и кадровски прашања потребно е заедно и рамноправно да се разгледуваат и за истите заедно и рамноправно да се носат одлуки, односно да се одобруваат, што следствено ќе биде верификувано со акт/документ кој ќе биде потпишан во случајов од министерката и од дополнителната заменичка на министерката за труд и социјална политика, се вели во известувањето од Влада.

Прочитај повеќе