Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа
година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското
стопанство.
Фирмите коишто не го исплатиле во
претходните месеци ќе мораат тоа да го
направат до крајот на декември, а во случај да
не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите.
Министерството за труд и социјална
политики ги повикува компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со Закон и
со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на К-15 до крајот на
годината.
Исплатата на регресот за годишен одмор
(К-15) е право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на
Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на
стопанството. Во Спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за
годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да
работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.
Државниот инспекторат за труд е орган
кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските
на работниците и работодавачите утврдени со Закон и со Колективен
договор.
Истовремено, ги повикуваат работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на
дежурниот телефонски број на Државниот иснпекторат за труд 15 131.
Од инспекторатот напоменуват дека
во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно со Законот и
Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно
со Закон.