Хуманитарното здружение Верица од Радовиш по втор пат го органзира
хуманитарниот настан „Радовишка етно софра“ по повод 3-ти Декември, Денот на
лицата со попреченост. Целта на овој настан е да се соберат финасиски средства
од продажба на традиционални радовишки специјалитети по пат на лицитација, и истите потоа да бидат донирани на Дневниот
центар Порака, за постоперативно лекување на Андреј Даов и за социјално
загорзено семејство од подареш. Голем беше интересот за прируство на настанот и беа пристутни околу 250 жени од Општина
Радовиш.
Жените ја покажаа својата хуманост и несебично наддаваа при купување на
некој специјалит кој ги имаше околу стотина, дел донирани и од жените присутни
на настаноти и вкупно беа собрани околу 27
илјади денари.
Исто така беше органзирана и креативна работилница на која неколку дечиња
изработуваа Новогодишни честитки и други украси, кои потоа беа дадени на
продажба а средствата беа донирани.
И средствата собрани од органзираната лотарија беа наменети за истата
хуманитарна цел. Жените истовремено беа хумани, донираа, и се забавуваа
поминувајќи една прекрасна вечер.
Свој настап на „Радовишка етно софра“ имаа и најмладите членови на и ФА „Бучим“ од Радовиш, кои се претставија со
неколку ора.